На 12 декември 2022 година се одржа завршниот настан на манифестацијата „Денови на европско Скопје 2022“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје со поддршка на Универзитетот за туризам и менаџмент, каде се доделија наградите за најуспешните.
Беа прогласени најдобрите од работилницата на средношколците „Фотографирај го европско Скопје“ под менторство на фотографот Александар Кондев, од презентацијата на студентите од Универзитетот за туризам и менаџмент „Презентирај го европско Скопје“ и од новинарскиот конкурс „Есеј за старо Скопје“.
Под мотото „Фотографирај го европско Скопје“, најдобри фотографии од ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ од Скопје изработија прво-наградената средношколка Мирјана Спасовска, второ-наградената Ања Атанасовска и трето-наградениот средношколец Давид Анѓелковиќ. Од другите средни училишта, првата и припадна на Теодора Гроздановска, втората на Милан Крстиќ и третата на Адем Левиќ.
Најдобри презентации на тема „Презентирај го европско Скопје“ изработија прво-наградената студентка Ивона Заревска, второ-наградениот Филип Бакоч и трето-наградените Емине Михтар и Тамара Илиевска. Работилницата беше спроведена меѓу студентите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
За конкурсот „Есеј за старо Скопје“ ко
пристигнале над дваесет новинарски есеи на темата, Првата награда ја зеде новинарот Петар Догов од Телма Телевизија, втората Борис Груевски од Алфа Телевизија, а третата Александра Филиповска, новинарка на издавачката куќа „Три“.Четврта награда зеде новинарка на Тв 24 Магдалена Стојмановиќ , а петта за Тони Цифровски од Македонско радио. Авторка на манифестацијата, м-р Елизабета Кузмановска.
На крајот на настанот, ректорот проф. д-р Аце Миленковски и директорот Никола Глигоров потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот и Дирекцијата.
Фото:Фб профил на Скопско лето