На 14 ти декември 2022 (среда), во 13 часот во просториите на Чифте амам се заокружува инклузивен проектот насловен „ Замисли желба“.
Во годината што изминува и која полека си ги пакува куферите со сите наши достигнувања станавме посигурни и поискусни во она што го работиме, но и посвесни и поодговорни за Светот околу нас. Едукативното одделение на Националната галерија изминатиов период организираше креативни работилници со тема врзана со претстојните празници.
Како што најавивме и претходно во текот на изминатите месеци, октомври и ноември, беше реализиран социјално-инклузивниот проект со наслов „Замисли желба“. Концептот на проектот беше реализиран низ креативни работилници кои се одржуваа во Чифте амам. Групите на учесниците во работилниците беа разновидни по состав и возраст, учествуваа ученици од основното, средното и високото образование, како и лица со попреченост. Учесници во проектот: Дневен центар за лица со Даунов синдром, ОУ „Климент Охридски“, ОУ „Невена Георгиева Дуња“, ОУ „Лирија“, ОУ „Хасан Приштина“, ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, ОУ „Кочо Рацин“ и ОУ „Братство“, гимназиите „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“ (паралелката за меѓународна матура), „Никола Карев“, „Св Наум Охридски“, Машинскиот факултет отсек Индустриски дизајн, Педагошкиот факултет „Св.Наум Охридски“, Универзитетот „Мајка Тереза“.
Тематски мотив на работилниците беше изработка на лампиони и други декорации. Материјалите за изработка на лампионите како и помошни материјали, овој пат беа донирани од модната куќа „Бела“. Истите беа реупотребени, редизајнирани во оригинални и необични креации.
Галеријата, целиот овој период пулсираше во духот на претстојните празници, љубов и хармонија.
Под мотото: „Од децата за децата“, преку одговорни акции би сакале да поттикнеме самоиницијатива кај општествени чинители, да се вклучи и бизнис заедницата во остварување на хумани цели. Националната галерија на Македонија е одговорна институција од областа на културата која несебично помага и поддржува секаков тип на едукативни настани каде се таргетираат младите од редовниот курикулум и ранливите категории.
Како завршница на сето погоре, на 14 ти декември 2022, во 13 часот, во просториите на Чифте амам ќе ги претставиме изработките на посебен претпразничен начин. Ве каниме да бидете дел од нашата приказна насловена „Замисли желба“. За да се надополни претпразничното расположение во пресрет ни приоѓаат нашите пријатели и соработници, учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ со следната програма:
Квинтет флејти – Меглена Лазаровска, Јосипа Василевска, Барбара Гиновска, Сара Тенкова, Светле Васковска. Виа- Ариранг,
класа: Наташа Еленова,потоа Брас Кавартет-Кристијан Јовановиќ, Рохан Крујезиу, Никола Стојановски и Лука Костовски,. Праеториус- Мадригал,Ј. Доналд Мадригал,
класа: Сенад Усеин и дуо виолина и гитара- Ева Ристеска и Јордан Трендафилов,
Н. Паганини- Кантабиле оп. 17, класа : Наташа Стојановска.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.