Денеска започнува 31.издание на Саемот на книгата

Околу 70 издавачи од  Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија, Данска се дел од ова издание на Меѓународниот саем на книгата, кое ќе трае од 8. до 14. мај. Мотото на годинешново издание е кратко и моќно- „Читај“.

Свеченото отворање на 31. издание на Саем на книгата ќе се одржи денес (среда) почеток во 19:30 во ВИП Арена Борис Трајковски.

Влезница за Саемот на книга чини 30 денари, додека за организирани посети на ученици е 20 денари.

Работно време на саемот е од 10.00 до 20.00 часот, а и оваа година ЈСП воведе две бесплатни линии до Салата Борис Трајковски за полесен пристап на Саемот на книгата.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.