Врз основа на членовите 1, 2, 7, 12, 16, 17 и 18 од Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, на седницата одржана на 24.11.2022 година, донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2022 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Северна Македонија
1. За остварување во областа на публицистиката, државната награда ја доби:
– Александар Трајковски, публицист.
За остварување во областа на новинарството, државната награда ја доби:
– Лаура Папранику-Бејтула, новинар.
Наградата им биде врачена на добитниците на 21 декември 2022 година (среда) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.
Претседател на Одборот,
Катерина Блажевска