Во понеделник, 12 декември, со почеток во 19 часот, во кино Фросина (МКЦ) ќе се одржи промоција на новиот солистички албум на Александар Јовевски ,,Од колено на колено”. На овој музички етно проект (албум) базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет, и е проект од национален интерес во културата.
Во составот на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните инструменти: кавал, тамбура, канон, женски вокали, гудачи, гитари и е збогатено со клавијатури. На албумот ,,Од колено на колено” се застапени 4 обработки на стари македонски изворни песни како што се Бај Никола, Изникнало криво крувче, Сношти го видов мамо мори убавото Стојне, Ајде мала Стана болна лега, меѓутоа има и авторска музика, 6 авторски композиции творени во духот на македонската традиција но со нов музички израз и тоа: Tамбурски вез, Кавал гали, Игра на инструментите, Длабочина, ЈовАнина и Александров танц.
И покрај тоа што сум музички лидер на етно составот Монистра и сум дел од речиси сите етно проекти во државата, со овој мој нов проект ,,ОД КОЛЕНО НА КОЛЕНО”, сакам да допринесам со уште еден квалитетен музички бисер и музички материјал, за претставување на нашата македонска песна и оро во државата но и надвор од неа и претставување на народните инструменти кавал, тамбура, канон. Се радувам на промоцијата и со нетрпение чекам јавноста да го слушне мојот најнов проект, изјави Александар Јовевски.
Албумот “Од колено на колено” е уште еден нов музички проект во светски размери, со нова модерна музичка нишка, кој ќе создаде една убава енергија и повеќе слушање на македонска музика и испирација за помладите генерации се повеќе да ја негуваат, сакаат и слушаат истата.