Ресен, 7 декември 2022
Изложбата „Преспа во дневникот на Сирио Гали“, посветена на Сирио Гали- италијански војник, уметник, публицист, графички дизајнер кој во периодот 1940-42 година учествувал во воените активности во Македонија (Преспа) Албанија и Африка од страна на партизанските групи, е отворена синоќа во Домот на културата “Драги Тозија”. Сирио Гали своето воено искуство го забележува во дневници, надополнети со фотографии од луѓе, настани, свадби, празници и обичаи, секојдневниот живот на нашите луѓе и работата по поле, старци и деца, момци и девојки.
Во виорот на Втората Светска војна, на стотици километри од својот дом,
одделен од своето семејство, во туѓа земја наидува на луѓе кои подоцна
ќе ги нарече свои. Срамежлив и многу чувствително младо момче кое ќе помине
четири години од својот живот на Балканот заради една бесмислена војна.
Во 1945 година се враќа во родната Италија.
За време на престојот на Балканот водел неколку дневници: Пишани дневници (многу мали тетратки) и фотографски дневници (формат на училишна тетратка).
Материјалот од неговите цртежи и скици и воениот материјал ги остава во наследство на неговата ќерка Лорета,по смртта во 1974 година. Но, ова семејно богатство таа му го подарува на неколку музеи, доблесно подарувајќи му на светот парче и од нашата историја. ЌНеговото ликовно творештво се наоѓа во збирките на Музејот на триеналето во Милано; воениот материјал во Воено- историскиот Музеј во Роверето и копија оддневникот со белешки во Архивата на дневници во Пиеве Санто Стефано, Италија.
-Ѓоспоѓата Лорета нѝ ги пренесе сеќавањата на татко ѝ за Преспа велејќи:
„ Да, татко ми зборуваше за езерото и Преспа. Често зборуваше за добри и
дарежливи луѓе,а пееше и некои песни. Неговиот карактер понекогаш тажен, како што се чувствителните луѓе го наведуваше да го искористи магичниот момент на врските меѓу вашите луѓе: мажи, жени, деца, преку сликите на нивните обреди, традиции, работа… така одејќи по патиштата на љубовта, сликајќи ги обичните луѓе. Прекрасните пејсажи и традициите што ги наследивте ми се пренесени уште како дете и се чувствувам многу блиска до вас”, се зборови на Лорета, а ова во својот говор го истакна кураторката Марија Касовска.
Изложбата ја посети и евроамбасадор Дејвид Гир. от