Јадранка Клисарова гостуваше во ООУ “Александар Македонски”

06.12.2022

Денес, во ООУ “Александар Македонски” учениците од трето одделение ја обработуваа лектирата “Децата од нашето училиште”, од авторот Јадранка Клисарова. На покана од одделенските наставнички, писателката Клисарова го посети училиштето и одржа едукативна средба со третоодделенците. Учениците разговараа, поставуваа прашања, ги опишуваа своите впеатоци од лектирното дело. Во расказите на Клисарова се зборува за добрината, благонаклонетоста, насмевките, другарството. Целта на расказите е детето подобро да го осознае светот околу себе преку примерите од ликовите.
По повод 3 Декември-Меѓународен­ ден на лицата со посебни потреби, учениците посебно го издвоија расказот ,,Различни, а сепак исти,, во кој се работи за ученичка со церебрална парализа, инклузијата во училиштето и начинот на кој била прифатена во одделението. На часот беше промовирано подобро разбирање за овие дечиња, со цел за полесно пробивање низ животот. Детскиот свет е свет на невиност, милост, спокој, игра, радост и смеа. Токму затоа е потенцирана и хуманоста, подадената рака и малото херојство за во иднина да се изградат во добри суштества.
Токму затоа е одбрана и оваа лектира, во чија проза, писателката го спојува светот помеѓу возрасните и
децата, вистината и лагата, поправање на сопствените и учење од туѓите грешки, моралните вредности, проткаени низ потребата за хармонизиран свет, безбеден за иднината на нашите деца.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.