Во изминатиот период, се одвиваа низа состаноци и редовна комуникација со раководството на Филмскиот Центар Сарајево, Босна и Херцеговина, каде се увидоа сличностите и можностите за потенцијални проекти меѓу двете институции. Ова залагање се финализира и официјално со потпишување на Меморандум за соработка, меѓу НУФЦ Вардар филм Скопје, претставуван од директорот г-дин Сани Саиди и Филмски Центар Сарајево, претставуван од директорката г-ѓа Инес Тановиќ, со што симболично се означува почетокот на соработката меѓу двете институции во филмската дејност, на регионален и меѓународен план.
Со овој Меморандум се овозможува и иницира долгорочна и продлабочена соработка во делот на:
-Зајакнување на меѓуинституционалните односи и приближување на кинематографијата на двете земји;
-Создавање на нови можности за промовирање на двете кинематографии;
-Размена на најдобрите искуства и практики;
-Иновативни и деикоиводатдо развој на локално и на регионално ниво.
-Трансфер на знаењата и подобрување на услугите во филмскиот сектор на двата филмски центри;
-Заедничко развивање на различни едукативни програми наменети за персоналот, филмските работници со посебен фокус на младите кадри;
-Подготовка и реализација на заеднички проекти во филмската дејност, а воедно и заедничко аплицирање на регионално ниво;
-По одредената динамика на реализирање на договорените проекти и заедничкото делување во духот на потшишаниот меморандум, се разговараше и за можни проекти во соработка со нашата Амбасада, здружениaјта на нашите сонародници во БиХ и Вардар Филм, во делот на прикажување на македонски филмови и други слични програми, а со тоа враќање на сеќавањата и приближување на татковината до нашите сонародници кои работат и живеат во Босна и Херцеговина. За оваа цел, се прават напори првиот заеднички проект да се реализира на пролет следната година.
“Вардар филм” почнува соработка со Филмски центар Сараево
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.