Конзерваторска приказна за сликата „Турска бања “, сопственост на Националната галерија

Со стручно-научна поддршка на Институтот за историја на уметноста на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград, во рамките на дводневната научна конференција во изминатиот викенд, истакнати експерти од Србија, Хрватска, Северна Македонија и Франција презентираа нови толкувања. на творештвото на Шумановиќ како и на други значајни претставници или уметнички манифестации на „реализмот“ во периодот меѓу двете светски војни. Воедно, Конференцијата беше можност публиката да стекне нови сознанија за Сава Шумановиќ, како еден од најпознатите сликари на југословенскиот модернизам, но и како важен учесник на европската уметничка сцена во периодот меѓу двата светски војни.
Во последната недела од јубилејна изложба со наслов „САВА ШУМАНОВИЌ и европскиот реализам меѓу двете светски војни“ која беше отворена на 3 октомври 2022 во Европската престолнина на културата за 2022, на Програмата на овој исклучително значаен настан е вклучена „Конзерваторска приказна за сликата „Турска бања“ на м-р Дарко Деспотовиќ, виш конзерватор-реставратор“ место каде ќе се открие и раскаже конзерваторската приказна е СПОМЕН-ЗБИРКА НА ПАВЛЕ БЕЉАНСКИ, музеј од посебен вид кој се занимава со чување, проучување и заштита на културното наследство, со адреса: Трг галерија, 2, Нови Сад, Србија.

Време на настанот, Четврток, 1 декември, 19 ч

„Конзерваторска приказна за сликата: м-р Дарко Деспотовиќ, виш конзерватор-реставратор“
Преку приказната за конзервацијата на сликата „Турската бања“ (Амам) на Сава Шумановиќ (1926), од Националната установа, Националната галерија на Република Северна Македонија, Скопје, посетителите ќе имаат можност да го видат целосниот процес на конзервација и реставрација на ова дело. Сознание за методите, техниките на работа и тестовите кои претходеле на процесот на чистење, консолидација на носачот како и реставрација, реконструкција на подлогата и делови што недостасуваа од бојадисаниот слој. Низ конзерваторската приказна за сликата, публиката ќе ја води м-р Дарко Деспотовиќ, виш конзерватор-реставратор, раководител на Одделот за заштита на галеријата Матица Српска каде е реставрирано делото „Турска бања“

Целиот процес околу подготовката на изложбата изведува заклучок дека оваа соработка помеѓу институциите на Република Северна Македонија и Република Србија е од исклучително значење. Делото „Турска бања“ на Сава Шумановиќ е антологиско, спаѓа во категоријата културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Ваквото институционално вмрежување меѓу врвни институции од регионов е од особено значење не само во смисла на презентација на значајни автори кои извршиле влијание врз уметноста на овие простори, туку и како можност за понатамошно продлабочување, размена на културното наследство и размена на знаење.

Информацијата и фотографиите се превземени од музејот Спомен-збирка на Павле Бељански

https://www.facebook.com/spomenzbirka.pavlabeljanskog

H

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.