Изложба- Артефактите од Скопското кале и Старата чаршија во Бурса

Во Панорамскиот музеј во Бурса, денеска (7 мај) ќе биде отворена изложбата „Скопски материјални и духовни проблесоци“. Во рамките на изложбата пред турската јавност преку фотографии ,ќе бидат претставени артефакти од Скопската тврдина и Старата чаршијата. Изложбата е во организација на Музејот на град Скопје, а авторите се Драгица Живкова, м-р Игор Кузманоски и господин Климе Коробар како нејзин комесар.

Пред посетителите ќе бидат поставени 33 паноа со фотографски прикази на артефакти од средновековниот и турскиот период кои се во сопственост на музејот, а кои потекнуваат од поширокиот простор на Скопската тврдина и чаршија.

Преку креативни композициски визуелизации на вредните артефакти се прикажани и потенцирани реалните повеќе  вековни животни и културни паралели кои постојат помеѓу Балканот, прикован на половина пат меѓу Европа и Ориентот, и малоазиска Турција.

Изложбата во музејот ќе биде отворена за посетителите до 7 јуни и е реализирана како соработка меѓу Музејот на Град Скопје и Панорамскиот музеј во Бурса.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.