На 8 декември (четврток) во 20.30 часот во Македонска филхармонија ќе се одржи концерт
на Рамбо Амадеус во придружба на биг бендот на Здружението на џез музичари и слободни
уметници на Македонија- ЗЏМ.
Несекојдневен настан на нашата домашна сцена, на кој ќе имате можност да ја сведочите генијалноста на едно од најголемите имиња на Балканот – Рамбо Амадеус, во придружба на нашиот единствен и неповторлив ЗЏМ биг бенд. Концертот ќе биде уникатна можност да ги чуете легендарните песни на Рамбо Амадеус во аранжмани за биг бенд.
Рамбо Амадеус е артист кој доаѓа од Црна Гора и делува како музичар и поет, гитарист, па и еко-активист. Неговите текстови и медиумски излагања се цитираат со години и децении откако се искажани. Неговите песни комбинираат уникатни сатирични текстови кои честопати ги критикуваат општествените појави кои нѐ засегаат сите, а неговите концерти речиси никогаш не значат дека ќе чуете едноставни повторувања на снимените песни. Напротив, секое слушање е ново доживување и умешна импровизација која зборува за човековата природа.
Здружението на џез музичари и слободни уметници е здружение на граѓани основано со цел да ги обедини џез музичарите во Македонија, да ги заштити нивните права и да ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа. Во Здружението членуваат и дел од нашите најреномирани џез музичари, а во неговите рамки делува и ЗЏМ биг бендот чија репутација се должи на бројните успешно организирани настани изминативе години.
Билетите за настанот се достапни на продажните мрежи на МК тикетс и Купи карти за сѐ.
(За повеќе информации 078 302 058.)