-По повод 3. Декември светскиот ден на лицата со посебни потреби, во дневнот Центарот за лица со посебни потреби во Кратово, секоја година нѝ е посбен ден, каде сите заедно се собираме и се дружиме. Тој ден секој кој ќе посака може да дојде, да н ѐ посети, да се подружи со нас, а ние ќе му подариме некоја рачна изработка што ние лично сме ја направиле. Посебно јас знам да правам многу убави рачни изработки. Тој ден за мене е посебно среќен, затоа што на тој ден е и мојот роденден. Среќна сум што можам да си го славам со дечињата што многу ги сакам, но и вработените кои се секогаш тука за нас. Тој ден се чувствувам среќно и исполнето, ѝм благодарам од срце, вели Славица Петковска од Кратово.
Таа во пресрет на денот нѝ открива дека нејзина силна поткрепа е Зорица, која ѝ помага во изработките.
-Зорица е личност со добро срце, таа работи кај нас во Дневнот Центар за лица со посебни потреби. Таа е дефектолог во истиот центар каде и јас сум член. Кога и да појдам во центарот, ме чека со нова идеа за некаква рачна изработка и веднаш почнуваме на изработка на истата. Кога ја завршуваме изработката јас сум воодушевена од она што ќе го направиме и веднаш сакам да го фотографирам и да го подарам на пријатели и да ги израдувам. Мене тогаш срцето ми е полно знам дека тие знаат колку ги сакам, бидејќи ѝм подарувам нешто што сама го имам направено. Ова чувство на среќа не се опишува, таа е среќна што мене ме прави среќна. Таа ми помогна во еден тежок период во мојот живот, што никогаш нема да го заборавам. Затоа ја ценам многу, ја чуствувам како моја пријателка. Зорица е личност што она што го работи, го работи со срце и душа, сака да н ѐ радува нас децата, понекогаш може да сме непослушни, но ние сме различни и ние сме само деца, заклучува Славица.
Позната е и по нејзината приврзаност кон митот за Тоше Проески, а од посетите на Крушево и “Планет” во неколку наврати нѝ прати и репортажи.
Славица: Ние сме различни и ние сме само деца!
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.