Во просториите на Градежниот факултет, денови му беше врачена Цветинова награда за мир на д-р Милорад Јовановски, редовен професор на факултетот.
Наградата, во име на уметникот Цветин, му ја врачи професор д-р Миле Димитровски.
Наградата се врачува за логистичката поддршка на професорот, што му ја укажал на уметникот Живко Поповски Цветин во изработка на долгата Цветна патека на мирот, со кока конкурираше за Гинис.
-Сликата што ја подготвував за Гинис во 2015 година беше со повод – 1001 година од ослепувањето на самоиловите војници. Не влезе во Гинис затоа што некоја група од 30 уметници направила слика долга 6 километри, но јас можеби мојата слика требаше да ја пријавам во категорија како рекорд на еден човек кој насликал 1001 метро. Сликата „Цветна патека на мирот“ е на две ролни, тешки 45 кг и широки 20 сантиментри. Ја работевме на Машинскиот факултет, во Лабораторјата за мотори со внатрешно согорување. Четири месеци ја работев на две нивоа, по 8 метра дневно сликав, ја почнав на 5 април на Цветници, а ја завршив на 5 август на роденденот на мајка ми, тогаш објасна Цветин.
Тој и професорите се членови на Лајонс клуб Вардар, Лајонс Дистрикт 132/ Македонија.
***
Проф. д-р Милорад Јовановски e член на Катедрата за геотехника. Дипломирал на Рударско-геолошки факултет во Штип при УКИМ во 1988 година, магистрирал во 1993 година на Рударско-геолошки факултет во Белград, Србија а докторирал во 2001 година на Градежен факултет-Скопје при УКИМ. На прв циклус ги предава следните предмети: „Инженерска геологија“ на СП Градежништво, „Применета хидрогеологија“, „Геотехнички истражувања“, „Подобрување на карпи“ и „Механика на карпи“ на СП Геотехника. На втор циклус ги предава следните предмети: „Свлечишта и стабилност на косини“, „Проценка на ризици во геотехника“ , „Геотехника во заштита на околината“, „Инженерска механика на карпи“на СП Геотехника како и „Геотехника во заштита на животната средина“ на СП Инженерство на животна средина и ресурси. На третиот циклус ги предава следните предмети: „Геотехничко моделирање“ и „Инженерска механика на карпи“ на СП Градежништво.
Професор Милорад Јовановски добитник на Цветинова награда за мир
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.