На денешен ден – во Сплит беше убиен Сашко Гешковски, прва македонска жртва во конфликтот на СФРЈ

 

1991-Во Сплит е убиен Сашко Гешовски, прва македонска жртва во конфликтот во поранешна СФРЈ. Тој ден Гешовски бил на должност стражар во командата на воено-поморската област во Сплит каде на протести излегле околу 30.000 демонстранти.

Сашко е првата жртва во оваа југословенска војна, во која загинаа многу македонски војници, кои отслужуваа воен рок во тогашната Југословенска Армија.

1682- Луј 14 го преселил својот двор од  Лувр во новиот замок Версај.

1889– Во Париз официјално е отворена Ајфеловата кула во рамките на Универзалната изложба од 1889. Конструктор на кулата е инженерот Густав Ајфел. Кулата е поставена во парискиот парк Шан де Марс и е висока 320 метри.

 

1994-Во Мексико на Генералното собрание на Светската организација за нумерирање на артиклите (ЕАН) , како редовен член е примена и македонската организација ЕАН-МАК.

1994-Кралицата Елизабета II и претседателот Франсоа Митеран свечено го отвориле тунелот под Ламанш,  железничка врска помеѓу Обединетото Кралство и Франција.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.