„Деби Му го разбуди бувчето “ од Жаклина Мучева-книга за едукација и забава на читателите

За книгата „Деби МУ го разбуди бувчето “ од Жаклина Мучева

Рецензија-Татјана Гогоска 

Деновиве од печат излезе новата книга од авторката Жаклина Мучева со наслов “Деби Му го разбуди бувчето“.

Откако пред читателската публика авторот Жаклина Мучева ја донесе нејзината необична, свежа и привлечна приказна, насловена како „Мозаикот на Деби МУ„ , еве  пред нас е нејзиното продолжение со интересен наслов „Деби Му го разбуди бувчето“. Книгата  пред се е модерно четиво, со чија содржина читателот го води во два многу интересни и важни светови. Едниот е светот на литературата  а другиот светот на уметноста. И тука не завршува се, таа низ содржината на книгата ги едуцира и забавува читателите.

Сето ова двојно, испреплетено патување, авторот Жаклина Мучева го прави со единствена цел да ги забави и расположи пред се младите читатели и затоа на оваа книга ќе и го дадеме предзнакот “иновативна творба за забава“.

Предизвикот  на авторот е да им даде на читателите едно забавно и интересно четиво, полно со информации, со кои  пред се ќе се забавуваат а и ќе се едуцираат. Содржинските  раскази и цртежи  ќе го окупираат на еден поинвентивен  начин, и детето ќе се релаксира ослободувајќи се од постојаните големи обврски и стресови, кои за жал децата ги имаат од најмала возраст.

Книгата содржи три дела: едниот дел е посветен на птиците, вториот дел е посветен на инсектите а третиот авторот го посветува на  морскиот свет.

Секој дел го сочинуваат седум приказни, па така книгата содржи 21 приказна за  термитите, скаулците, бубамарите, колибрито, нојот, китот, морската ѕвезда , сунгерите………недопрени области, кои преку лесни приказни на  читателот му даваат основни информации за птицата, инсектот или морското животно.

Овие куси едукативни текстови се придружени со илустрации кои читателот треба да ги обои. Освен илустрацијата која е дополнување на приказната тука е и Бувчето, кое другарува со читателот на интерактивен начин. Бувчето за многумина е симболот на среќата, на пријателството на љубовта и токму затоа авторката Мучева го поставила и во насловот на делото, но и го одбрала како симбол, за да ја заокружи севкупната цел и мотив ,оваа книга да дојде пред читателите.

Илустрациите се изработени во зонтаг техника од Ивана Горичан, која е актуелна и иновативна техника која ја развива ситната моторика кај младите.

Оваа книга е наменета за деца кои сакаат да читаат, кои умеат да бојат, за оние кои сакаат да научат повеќе за животинскиот свет, но нејзината намена не завршува тука, неа ќе можат да ја користат децата и родителите за заедничка дружба и забава. Боењето и боенките се светски тренд кој се повеќе го прифаќаат возрасните. А во книгата на Мучева „ Деби Му го разбуди бувчето“ боењето е комбинирано и со едукативна забава.

 

 

 

Книгата ќе биде промовирана во рамки на Саемот на книгата, во сабота на 11.05.2019 од 12 часот во организација на Издавачот Едукамак -Скопје.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.