Од 15 октомври до 15 ноември, традиционално се одбележува Месецот на книгата.
Во овој период НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид која е од отворен тип
секојдневно бележи посети на ученици од основните и средни училишта.
Вработените во Библиотеката исцрпно ги информираат со дејноста на библиотеката и процесот на доаѓање на книгата во рацете на читателите а тие имаат можност бесплатно да ја разгледаат оваа установа. Библиотеката по повод Месецот на книгата од утре – 10 до 16 ноември – во работните денови организира Саем на книгата.
Во Месецот на книгата од библиотеката ви предлагаат на пример: за роденден и
за многу други убави поводи да купите и подарите книга.
На саемот ве чека разновидна литература од домашни и странски автори. Книгите се на македонски, албански, турски и англиски јазик.
Книги од едицијата 130 тома македонска книжевност по цена од само 157 денари
примерок.
Книги од едицијата Врвови на светската филозофија, историја и психологија со
психоанализа ( различна цена по примерок ).
Ѕвездите на светската книжевност – различна цена по примерок. Доколку на некој Ваш гостин, пријател или деловен партнер сакате да го израдувате и изненадите со книга од познат македонски автор преведена на англиски јазик од едицијата 130 тома македонска книжевност го имаме и тоа.
Цената по примерок е 473 денари, соопштуваат од библиотеката.
Саемот ќе биде отворен во четврток и петок, а потоа од понеделник до среда во
терминот од 10 до 18 часот.
Од 10 до 16 ноември– Саем на книга во Библиотека „Григор Прличев“ . а.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.