Oнлајн конференција на 14 ноември-„Како можеме да се придвижиме? Еколошки перспективи во современиот танц“.

Локомотива– Центар за нови иницијативи во уметноста и културата од 2020-та година е членка на Европската мрежа за танцови куќи – EDN. И како членка на оваа мрежа ве кани да го проследите годишниот онлајн настан на конференција која ќе се одржи на 14 ноември оваа година, насловен како „Како можеме да се придвижиме? Еколошки перспективи во современиот танц“. Во 2022 година, фокусот на Европската мрежа за танцови куќи е одржливоста во секторот на современиот танц, како во однос на еколошката одржливост, така и на одржливоста на танцовите организации и танцовите практичари.
Конференција: Како можеме да се движиме? Еколошки перспективи за современиот танц

Европска мрежа на танцови куќи / EDN – European Dancehouse Network
14 ноември 2022 година @ Онлајн
EDN организира онлајн конференција на која се поканети уметници, културни практичари, академици и локални и меѓународни креатори на политики. Конференцијата, која ќе се одржи на 14 ноември помеѓу 10 и
13 часот, ќе се совпадне со објавувањето и јавната презентација на претстојната истражувачка публикација на EDN.
Пријавување до 12 ноември 2022 година.
How Can We Move? Ecological Perspectives on Contemporary Dance

How Can We Move? Ecological Perspectives on Contemporary Dance
EDN is organising an online conference to which artists, cultural practitioners, academics, and local and intern…

Conference: How Can We Move? Ecological Perspectives on Contemporary Dance

EDNext Sustainability Campaign “Ecological Perspectives on Contemporary Dance: How Can We Move?”

Кампања за одржливост на EDN „Еколошки перспективи за современиот танц:
Како можеме да се движиме?“
Европска мрежа на танцови куќи / Кампања за одржливост
Како можеме да се движиме? Еколошки перспективи за современиот танц
14 ноември 2022 година @ Онлајн

Кампањата на EDN претставува конкретни акции и идеи за ангажирање на секторот за современ танц во Европа, неговите застапници, финансиери и чинители, во заедничко движење кон одржлива иднина.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.