Глобален проблем- Се повеќе се одземаат правата на децата
Во периодот на градење на похуман и поправеден свет за сите, во 1989-та година беше донесена и Конвенцијата за правата на детето, како Документ на принципите и Повелбата на Обединетите нации за вродено достоинство и еднакви неотуѓиви права. Во Универзалната декларација пак за правата на човекот се прокламирани и детските права т.е. дека на детството му припаѓаат посебна грижа и помош. .Со Конвенцијата заштитата на децата на меѓународно ниво го доби најзначајниот акт и е документ кој е има најголем број на ратификации од државите, декларирјаќи ја цврсто изразената волја за подобрување на правата на децата, осебено изразени со конвенциските одредби за заштита на правата и можноста за партиципација во активности, како и воведување на минимум стандарди за здравствена заштита, образование исоцијална заштита
Потребата од заштитата на правата на децата произлегува од фактот дека тие претставуваат високо ранлива општествена група која што лесно може да биде изложена на злоупотреба и насилство. Согласно ООН, децата се изложени на насилство, експлоатација, виктимизација од страна на возрасните секојдневно но и на глад, болести и недостаток на социо-економски услови за здрав и активен живот во државите кои се сметаат за сиромашни или пак држави во развој.
Конвенцијата за правата на детето – важен цивилизациски исчекор и клучен документ
.Најважни принципи и конвенциски точки за заштита на децата
Според принципите, сите деца и млади ги имаат истите права, имаат право на најголем можен степен на здравје, право на бесплатно основно образование, слободно да го искажуваат своето мислење и да бидат слушнати. Децата и младите имаат право на добро воспитување. Нивните родители или други воспитувачи не смеат да употребат сила, злоставување и злоупотребата е забранета. Децата и младите имаат право да добијат посебна помош и заштита во војна и при бегство. Децата и младите имаат право да бидат заштитени од експлоатирачка работа и сексуална злоупотреба. Тие имаат право да живеат со своите родители и да го одржуваат контактот со двата родитела, ако тие живеат одделно. Децата и младите што се хендикепирани, имаат право на посебна поддршка и унапредување, како и активно учество во општествениот живот.
„Борба против неправичноста“
„Светот и понатаму е неправично место за живеење за најсиромашните и најобесправени деца и покрај големиот напредок постигнат по усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето во 1989 година. Меѓу нив има деца кои се од најсиромашните домаќинства, деца со попреченост и деца бегалци и мигранти“, велат од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, која, на денешниот Светски ден на детето, започнува со кампања „Борба против неправичноста“, која има цел да поттикне дејствување за најранливите деца во светот.
Заштитата и правата на децата во Македонија
Во Македонија состојбата на децата е се покомплексна и иако навидум изгледа дека некои нешта одат во позитивна насока генерално е се полоша, особено во поглед на насилството врз нив како и наметнати нови вредности во општетството што децата ги доведуваат во незавидна состојба во која не можат да го кажат својот глас.
Насилството врз децата доби различни облици, од семејно насилство, улично, булинг или многуврсничко насилство. Потоа децата се изложени на опасност од кражби, продавање, злоупотреба од сексуален и друг вид и сето тоа го става детето во потчинета положба да не може да се избори за остварување на своите права.
Од канцеларијата на Народниот правобранител, постојано се посочува дека во Македонија бројни се проблемите со правата на детето.Народниот правобранител посебно истакнува дека децата во семејството се уште не се третираат соодветно, особено во случаи на несогласувања меѓу родителите. Правото на бесплатно образование не е испочитувано во сите училишта, па некои од децата се принудени да платат за превоз до училиштето. Децата на улица, децата корисници на дрога и деца со воспитно социјални проблеми се деца во ризик, а државата се уште нема целосен систем за нивна ефикасна заштита и обезбедување пристап до правата. Децата припадници на ромската етничка заедница најчесто се сегрегирани во посебни паралелки при уписи во прво одделение во основно и прва година средно образование. Децата/лицата со попреченост се уште се соочуваат со проблеми во прис-тапот и остварувањето на правата.
Во Извештајот на Европската комисија за напредок на Република Македонија се вели дека најмаргинализираните деца кои се надвор од образовниот и здравствениот систем, како и децата со посебни потреби, кои и понатаму се соочуваат со проблеми при пристапот до нивните права.
„Во однос на правата на детето, Законот за заштита на децата беше изменет за воведување услуги за ран детски развој и проширување на опсегот на заштита на децата. Нови градинки и центри за ран детски развој се отворија, а со второто се обезбедија голем број на квалитетни услуги, особено за најранливите деца. Сепак, службите за заштита на децата изложени на најголем ризик остануваат ограничени. Најмаргинализираните деца кои се надвор од образовниот и здравствениот систем, како и децата со посебни потреби, и понатаму се соочуваат со проблеми при пристапот до нивните права. Националната комисија за правата на децата сè уште има недостаток на квалификуван персонал и финансирање, а постои континиуран недостатокот на систематско собирање на податоци во оваа област .
Но, децата на глобално па и наскоро очекувано и кај нас, ќе дојдат до проблемот околу посвојувањето, каде децата немаат право на избор на посвоители, па се доведуваат до состојба да бидат посвоени од истополови брачни заедници ,што допонително може реално негативно да влијае на емоционалниот и психичкиот развој на детето посвоено во такво семејство. Сепак, за ваквките случаи сите зборуваат за правданоста на истополови бракови и нивното право на посвојување на дете, но никој не го споменува изборот на посвоеното дете,т уку детето е ставено во крајно неблгородна состојба ДА НЕМА ИЗБОР.
За жал, темата на детските права, почитување (непочитување) ,спроведување (неспроведување ) е преширока и ќе биде предизвик во нашата уредувачка политика на Порталот барем да укажуваме и да иницираме нешта кои ќе бидат во корист на децата.