За изложбата:
Фреквенцијата на градот, пренесена на хартија.
Низ процесот на звукот, преку објективот на фотоапаратот, до сетилата на оној кој ќе ја доживее. Станува збор за мултимедијална изложба од неколку фотографии, од урбаниот живот на Битола, која ќе можете и да ја слушнете.
Симбиозата на звукот, пренесен преку фотографијаи, ќе биде уникатно доживување за секој кој ќе ја доживее, односно види и чуе. На секоја од фотографиите ќе биде поставена и аудио опрема, со која ќе имате можност да ги чуете фотографиите.
Целта е да се пренесе и доближи градскиот дух до гледачот, во Офицерски дом – Кристална сала, но и многу пошироко, на социјалните мрежи, а воедно и промовирање на Битола надвор од границите на државата.
Како автори на овој проект се потпишуваат Никола Тргачевски, Александар Котевски и Михаил Марковски, креативци од урбаниот живот во Битола во последниве 10 години кои работеле на голем број на проекти како на локално така и на глобално ниво,
Оваа изложба е закажана во Офицерскиот дом на 3 ноември во 20:00 часот, влезот е слободен.