Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO) организира инфо сессии за да го претстави вториот повик за размена на средни училишта во Западен Балкан
Западен Балкан – Повикот за проектот Суперучилишта, програма на RYCO за размена на ученици, е отворен на 16 септември, се затвора на 28 октомври 2022.
***
Повикот претставува можност за училиштата, учениците и наставниците и има за цел да го поддржи процесот за помирување и градење мир како и интеркултурен дијалог и учење помеѓу ученицитe и нивните заедници. Доколку бидат избрани, средните училишта со оваа програма ќе имаат можност да спроведат училишна размена со партнерско училиште и да учествуваат во програмските активности посветени на градење на нивните капацитети, поврзување и соработка.
Секое средно училиште, државно или приватно, од Западен Балкан е покането да аплицира и да ги спроведе овие размени, а благодарение на Европската унија и Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ), трошоците за размена ќе бидат покриени за сите избрани училишта. Претходниот повик им даде можност на 60 училишта и повеќе од 800 ученици да учествуваат во размени, а овој отворен повик е наменет за 100 училишта и до 1200 ученици.
Преку онлајн платформата www.superschools.net, заинтересираното училиште треба да се регистрира, да креира онлајн профил и да најде партнерско училиште од различен дел од регионот, а потоа во апликацијата, да ги идентификува и предложи заедничките активности кои би се реализирале за време на размената. Спроведувањето на вториот циклус на размени ќе се одвива од март до октомври 2023 година и секое училиште партнер ќе организира една посета на партнерското училиште, со група до 12 учениции 1 до 2 наставници во времетраење до 7 дена. Преку програма за размена, учениците и наставниците ќе имаат можност да патуваат, да се претстават себеси, своите училишта и обичаи пред домаќините и да научат нови работи за локалните заедници во различни делови од нашиот регион. Повикот се затвора на 28 октомври 2022.
Програмата Суперучилишта е дел од мултидонаторскиот проект „Програма за училишна размена на Западен Балкан“ кофинансиран од Европската Унија и Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ), а го спроведува Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедносо RYCO.
***
RYCO е меѓувладина организација, која ја поддржува и ја унапредува регионалната и интеркултурната соработка на младите во Западен Балкан. Програмите на RYCO се фокусирани на креирање можности за вклучување на младите во активности што го зајакнуваат меѓусебното разбирање и помирување во областа на граѓанско, социјално, образовно, културно и спортско живеење.
RYCO иницира и учествува во креирање политики и се залага за реформи. Го поддржува развојот на политичка и социјална клима што го зајакнува и го олеснува процесот на размени кај младите.
RYCO ги става младите во средиштето на својата работа и верува дека токму тие треба да придонесат за развојот на култура на движење, интеркултурна размена и помирување. Младите треба активно да придонесуваат за демократскиот развој, социјалниот и економски просперитет како и за европска интеграција во сѐ повеќе отворениот регион на Западен Балкан. Шесте земји на Западен Балкан треба да дадат проактивна поддршка на училишната размена и вклучување на младите во и низ регионот.
Агенда за втор циклус на Суперучилишта:
“Западен Балкан – програма за училишна размена”
Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO)
RYCO Суперучилишта е програма за училишна размена за средните училишта во Западен Балкан, која поддржува градење на мир и процеси на помирување, интеркултурна едукација и дијалог помеѓу училиштата, учениците и нивните заедници. Со учество во програмата, средните училишта ќе имплементираат училишни размени и ќе учествуваат во програмските активности кои имаат за цел на градење на капацитети, вмрежување и соработка.Временската рамка за имплементација на програмата Суперучилишта за периодот на 2022-2023 во вториот циклус е следната:
Activity Implementation period
Имплементација на 3-4 инфо сесии во Северна Македонија Втора половина на септември 2022
Kick Off настан ”Запознај ги Суперучилиштата во Северна Македонија” Јануари 2023
Обуки на наставници Февруари 2023
Имплементација на училишна размена во регионот Март – Октомври 2023
Регионална завршна церемонија и Младински Камп Ноември 2023
Забелешка: Прецизни дати на активностите ќе бидат искомуницрани навремено од RYCO до Министерство за образование и наука.
***
Краток опис на активности
Инфо сесиисе средби организирани во различни градови во Северна Македонија кои имаат за цел да ги соберат директорите и наставниците од различни средни школи за да одржат презентација во детали за процедурата на апликација во програмата. Поддршката од министерството да ги покани наставниците е од исклучителна важност за имплементацијата на инфо сесиите. Во вториот циклус, RYCO ќе поддржи 100 средни училишта во западен балкан (ЗБ6), се очекува 18 да бидат од Северна Македонија. Следствено, 7-10 партнерства од првиот циклус ќе бидат поддржани од RYCO да ја продолжат соработката во долгорочно партнерство (LTSPs) во програмската 2023 година.
Kick-Off настан ”Запознај ги Суперучилиштата на Северна Македонија”ќе биде организиран по финализација на селекцијата на училишта и презентација на наградените училишта на проектните партнери, Министерство за образование и наука, Европска Делегација, Амбасадата на Германија и претставници на бордот од RYCO.
Обуки на наставнициќе бидат организирани за еден наставник по училиште со цел да се стекне интеркултурна едукација и дијалог и како да постигнат успешни размени. Селектираните наставници од избраните училишта ќе ги добијат потребните вештини за унапредување на гранична соработка како и фасилитација/модерирање, интеркултурнаедукација и дијалог, мир и помирување, младинска партиципација, комуникациски и дигитални алатки како и родово воведување.
Училишна размена во регионоте најважната фаза во проектот. Во овој дел на проектот, целата сложена работа на наставниците и проектниот тим станува реалност и учениците имаат можност да ги искусат размените. Секое училиште ќе организира по една посета со партнер училиштето во својата локална заедница и ќе учествува во една размена организирана од партнер училиштето во локалната заедница на партнерот, со група од 10 до 12 ученици и 2 наставници која ќе трае од 5 до 7 дена пресметани со деновите за патување.
Регионална завршна церемонија и Младински Камп ќе се одржи по заврушувањето на училишните партнерства и имплементација на училишната размена. На активноста ќе учествуваат наставниците кои имаа улога на координатори како и учениците, високи службеници од министерствата од западен балкан (ЗБ6), партнери од Европска Комисија, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).Преку настанот, RYCO има за цел да презентира и промовира кои резултати се постигнати како и да отвори дискусија за научените лекции низ размените. Настанот претставува можност за евалуација, медиумска покривност, награди и сертификати за училиштата, наставниците и учениците. Од друга страна, завршната церемонија ќе го вклучи и Младинскиот Камп со специјално дизајнирана активност, за најактивните ученици кои учествувале во размените. Младинскиот Камп ќе собере заедно 100 ученици во 4 интерактивни денови со исполнета забавна и едукативна програма која ќе има кулуминација со нивното учество во завршната регионална церемонија.