Ерменија подготвува модерна сцена за Детската Евровизија во декември

20-тиот детски избор за песна на Евровизија ќе се одржи во спортскиот и концертен комплекс Карен Демирчјан, во Ереван, Ерменија, на недела, 11 декември во 16 часот по средноевропско време.
Ерменскиот радиодифузер AMPTV откри сет на рендери на сцената на која ќе одат за време на настапите на 16 учесници
Надоврзувајќи се на темата на натпреварот Spin The Magic, спортскиот комплекс Карен Демирчјан ќе биде исполнет со неонска енергија видена низ промотивното видео на шоуто.
Публиката ќе биде точно на средината, а учесниците ќе настапуваат директно пред нив на централната сцена. Сцената е креативна визуелна претстава науметничко дело.
Централната сцена е вртечкиот врв опкружен со жици од светлина кои го претставуваат „вртењето“. Овие колоритни жици се рефлектираат и над сцената и ќе зрачат енергија за време на секоја изведба.
Иако е минималистички, а сепак технолошки напреден, сценскиот дизајн нуди повеќекратни можности за инсценирање на сите изведувачи.
-Нашата цел беше да создадеме модерна и технолошки напредна сцена која ќе ја одразува нашата визија и ќе биде доволно разноврсна за да одговара на креативните потреби на радиодифузерите учесници. Веќе почнавме да работиме со нашите колеги од сите 16 земји и сме многу возбудени што ќе приредиме навистина магично шоу овој декември!, вели организаторот.

На овогодишната детска Евровизија, нашата земја ќе ја претставуваат Лара Трпческа, ќерката на македонскиот пијанист Симон Трпчески и Ирина Давидовска

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.