Охрид: Во одделот за зајмување ве чекаат нови книги

 

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид континуирано го збогатува книжниот фонд. Од книгите кои се купени и обработени ви предлагаме да ги побарате следните пет наслови:
Каде што реката го бакнува небото од Билјана Тинтоска
Роман е инспириран од љубовта, како да сакаат луѓето, како се бидува ЧОВЕК.
„Радоста не доаѓа од околу, туку се раѓа во нас самите. Нејзиниот извор е
единствено жртвата што од себе ја даваме за доброто на другите. Таа жртва значи безусловна љубов. Таквата љубов не се грижи дали ќе биде возвратена. А
нема да остане незабележана, исто како и најмалата искра во длабоката
темнина“.- тоа е дел од романот, што всушност е суштината на самата книга.
Мистериозен странец од Британи Чери во издание на Книгохоличари
Тој е суров. Тој е ладен. Тој крие разорна тајна.
Лесно е да го осудите некој според неговото минато кое го претворило во камен.
Но, јас не можев да му судам на Тристан. Морав да ги прифатам урнатините што живеат во него. Бидејќи тие урнатини живеат и во мене. И двајцата бевме празни.
И двајцата баравме нешто повеќе. И двајцата сакавме да ги собереме сите
скршени делови од минатото, за конечно да можеме да се соединиме…
Емотивна и моќна романса која ќе ви го распарчи срцето и повторно ќе го спои.
Тој и таа од Алиса Фини во издание на Сакам книги
Ако секоја приказна има две страни, значи едниот секогаш лаже.
Џек: Има неколку збора кои можат да ја опишат мојата сопруга. Прекрасна.
Амбициозна. Неспособна да прости.
Ана: Мене ми е доволен само еден збор за да го опишам мојот сопруг. Лажливец.
Ана конечно го има она што долго го посакува. Со многу напорна работа за да стане главната водителка на вести во ББЦ, со многу направени жртви во поглед на пријателите, семејството, па дури и сопругот – кој сега веќе ѝ е бивши сопруг.
Па кога некој станува закана за работата од нејзините соништа, таа е подготвена речиси на сѐ за да не ја изгуби. Кога ја испраќаат да оди да известува за убиство во Блекдаун – малото мирно гратче каде што пораснала
– таа не сака. Но се покажува дека жртвата е нејзина пријателка од детството па нема избор. Наскоро
таа не е само новинар кој известува за приказната, туку е во сржта на истата.
Закопани тајни од Ајрин Ханон во издание на Збор. По седум години работа како детективка во бучниот и гласен Чикаго, Лиса Грент е
спремна да живее поспокоен живот, па ја прифаќа работата како началничка на полицијата во родното гратче. Работите почнуваат да се заплеткуваат кога тимот на едно градилиште ќе открие човечки скелет. Повикот за помош ќе го доведе на нејзиниот праг детективот Мек Мекгрегор, поранешен член на Фоките. Додека заедно работат за да ја решат мистеријата што се крие зад необележаниот гроб, опасноста ги следи во чекор. Некој не сака клопчето да се отплетка и ќе направи сè за грозоморната тајна да остане закопана. Некој, кој ги знае слабостите на противникот и ги користи за да го порази.
Ајрин Ханон мајсторски ја плете неизвесната мистерија со интригантните пресврти, психолошкиот аспект на убиецот и невообичаената романтична
динамика меѓу Мек и Лиса.
Жената со сина ѕвезда од Пам Џеноф во издание на Сакам книги 1942 година. Сејди Голт има осумнаесет години и живее со своите родители среде хоророт во гето во Краков за време на Втората светска војна. Кога нацистите
влегуваат во гетото, Сејди и нејзината трудна мајка се принудени да побегнат во опасната канализација под тлото на градот. Еден ден, Сејди погледнува нагоре низ една од шахтите и здогледува девојка на нејзина возраст како купува цвеќиња.
Ела Штепанек е девојка од богато полско семејство, која живее релативно мирен живот со својата маќеа, која пак е прилично блиска со окупаторите Германци.
Отфрлена од своите пријатели и тажна по својот свршеник кој е заминат во војна,
Ела неуморно талка низ Краков. Додека пазари, забележува како нешто се движи под една шахта на улицата. Кога погледнува малку подобро, сфаќа дека тоа е девојка која се крие долу. Ела почнува да ѝ помага на Сејди и тие две се зближуваат, но како што опасностите од војната се зголемуваат, така нивните животи сѐ повеќе тргнуваат во правец кој ќе ги стави на тест во невозможни околности. Инспирирана од вистински приказни, Жената со сина ѕвезда е страшно емотивна приказна за моќта на вистинското пријателство и исклучителната сила за преживување на човечката волја.
Библиотека за читателите е отворена од понеделник до петок од 8 и30 до 18 и 30 часот.Таа е од отворен тип и читателите слободно можат да влезат и да
одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.
Годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари.Читалната во одделот за издавање е отворена од понеделник до петок од 9. 30
до 17 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со
читатели работи од 9 до 15.00 часот. Читалните можат да ги користат само
членовите на Библиотеката.
Прличевата одаја во слободни термини кога во неа нема активности на
библиотеката со надомест можат да ја користат како место за одржување настани здруженија од невладиниот сектор и други институции.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.