Александар Грујиќ втор на “Круна Опен 2022”

ТК „Круна“ од Гевгелија, викендов, го организираше единаесеттиот по ред Турнир во тенис „Круна Опен 2022“, на тениското игралиште во кругот на старата Касарна. Имено, на овој турнир учествуваа 25 тенисери од државата на различна возраст.
И тоа, од: Гевгелија, Скопје, Радовиш, Штип, Кавадарци, Неготино, со што единаесеттото одржување на турнирот и натпреварувањето помеѓу учесниците беше од државен размер.
Од гевгелиските љубители на тенисот и спортисти, се натпреваруваа: Кристијан Џотов, Александар Грујиќ, Слободанка Лозановска, Михаела Попова, Ристо Колчев, Борче Несторов, Петар Лешев, Коста Лозановски, Ѓорге Хаџиниколов, Цветан Нелоски, Драган Вурмо и Јован Туртуров.
Финалниот меч на турнирот се одигра помеѓу Кире Лазов од Неготино и Александар Грујиќ од Гевгелија, на кој победи Лазов и го освои првото место. Александар Грујиќ, несомнено, уште еднаш го потврди својот талент, имајќи предвид дека во
конкуренција од 25 учесника тој го освои второто место.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов упати честитки до организаторите за успешната реализација на годинашниот турнир „Круна Опен 2022“, за учеството на натпреварувачите и победниците, посакувајќи им и понатамошен успех. Спортскиот настан е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање на спортските манифестации и настани во општина Гевгелија за 2022 година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.