„Младите се иднината“во Кино Манаки -сабота, 8. октомври

На 8.10.2022 година (сабота) во Кино Манаки со почеток од 18 часот ќе се одржи промоција на краткиот документарен филм „Младите се иднината“.Филмот зборува за младите и нивните размислувања – зошто би останале да живеат и да работат во Битола, што е она што ќе ги мотивира да не ги спакуваат куферите и да ги бркаат своите соништа илјадници колометри подалеку од својот роден град.

Доколку им се пружи шанса, младите не би размислувале ни за момент и со задоволство би заминале надвор од границите на Балканот. Вака одговорија анкетираните млади од цел Балкан, меѓу кои и од Битола на прашањето „Доколку би имале прилика да ја напуштите својата татковина дали би го сториле тоа?“ кое беше дел од магистерскиот труд на Сара Трајчевска од Битола, дипломиран новинар на Универзитетот во Констанца во Романија.

Загрижувачките одговори кои ги доби на анкетните прашалници како дел од нејзиниот магистерски труд беа повод да се снимикраткиот документарен филм „Младите се иднината“.

Кај Сара, едно прашање се вртеше сите изминати години поминати во туѓина: „Ако дома е местото каде што сме се родиле и каде секогаш сме добродојдени, тогаш зошто бараме засолниште на некое друго за нас непознато место?“

Своите размилувања на темата, зошто младите да останат да живеат и да работат во својот роден град ги раскажуваат и Сара Мицевска и Марија Тасевска, успешни студентки кои сакаат да останат во Битола и тука да се развиваат на професионален план, но и да придонесат за посветла иднина.

Проектот е во реализација на Здружението БСМ Битола во соработка со порталот Читај бе и Креатив Продукција, поддржан од Општина Битола.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.