Во тек се Kонкурсите за есеј и ликовни творби на тема: „Женски права“, кои ги распиша Општина Гевгелија, во соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и
мажите, како реализација на една од активностите од Програмата на Општина Гевгелија во областа на еднаквите можности на жените и мажите.
На Конкурсот за есеј на тема: „Женските права во 21 век“, можат да учествуваат ученици од I до IV година во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија. Есејот не треба да содржи помалку од 350 и повеќе 500 збора, да биде напишан во Word, со фонт Times New
Roman, големина на буквите 12 и проред 1.5. При пишувањето да се внимава на почитувањето на правилата за пишување есејнеговата композиција (вовед, главен дел и заклучок). Да се почитуваат правилата на стандардниот јазик. Мислите да бидат јасно искажани и поврзани со употребата на факти и аргументи, да се употребува соодветна лексика и стил во согласност со насловот на есејот и да не се користат буквално готови текстови од различни извори. На крајот, есејот да не биде потпишан со име и презиме на авторот, туку со шифра. Есеите треба да се достават во затворен коверт со назнака: „Конкурс за есеј на тема: Женските права во 21 век“, во Градската библиотека „Гоце
Делчев“- Гевгелија, до 10 октомври, 2022 година, секој работен
ден, од 08 до 15 часот.
На Ликовниот конкурс на тема: „Женски права“, можат да учествуваат ученици од VI до IX одделение во гевгелиските основни училишта. Творбите треба да бидат оригинални и можат да бидат изработени во различни техники, запазувајќи го форматот- Лист од блок бр. 5. Цртежите, потпишани со името и презимето на ученикот и називот на училиштето, треба да се достават во Народниот театар- Гевгелија, до 10 октомври, секој работен ден, од 8 до 15 часот.
Ликовните творби и есеите ќе бидат оценети од страна на стручни жири-комисии. За најдобрите ќе следуваат симболичнинагради кои ќе им бидат доделени на завршната Ликовна изложба „Женски права“ и литературно читање.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.