На 6 мај (понеделник) во „Кино Култура“ од 20 часот ќе се одржи премиера на театарскиот проект „Торба полна кашлици“.
„Театарски проект кој пробува внимателно да зачува приказна која постојано лета во ветер. ‘…Злобни се оние кои сожалуваат. Гневни се оние на кои им е доста…’“, стои во најавата за театарскиот проект.
Во претставата играат Дениз Ајдаревиќ, Антонио Ташковски, Филип Георгиевски, Енис Билаловиќ, Ведран Чешарек и Анастасија Илиевска.
Режијата е на Петар Тргачевски.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.