Слободан Живковски
„Демократски тоталитаризам“
акрил на платно
240 х140 см
(2022)
Друштовото на ликовни уметници на Македонија од оваа година во својата Годишна програма вметнува нововостановена изложба насловена „Голем формат“. Изложбата ќе се отвори на 05.10.2022 година (среда) во Дом на АРМ во Скопје со почеток во 20 часот и ќе трае до 25.10.2022 година.
Важноста на едно дело не ја сочинува единствено важноста на големината и на димензијата, но можноста за изразување во големи формати нуди различен уметнички пристап, уметникот ја бара свежината на идејата и секако внимателно треба да се посвети на реализацијата.
Во ова издание селектирани се 25 уметници и нивниот различен пристап кон техниките сликарство, скулптура, цртеж, колаж, експериментални техники и скромно учество на графиката. Повикот дозволуваше да се претстават и нови техники и медиуми, уметнички инсталации и излегување во просторни композиции.
На изложбата учествуваат Ана Ивановска, Ана Трајковска, Ангелца Стоиљковиќ, Ацо Таневски, Давор Ќешќец, Душан Георгиевски, Златко Глигоров, Зулејха Али, Ивона Велковска, Ирена Паскали, Јасмина Новковска, Љубица Мешкова Солак, Марија Светиева, Мирослава Трујкановиќ, Мице Јанкуловски, Нела Јанковска, Никола Пијанманов, Перо Кованцалиев, Слободан Живковски, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Стефан Хаџи Николов, Тања Таневска, Татјана Манева и Урош Вељковиќ.
Друштовото на ликовни уметници на Македонија наградата за најдобро дело во голем формат ќе му ја додели на авторот Слободан Живковски за делото со наслов „ДемократскиТоталитаризам“.
Изложбата ќе ја отвори Претседателот на ДЛУМ – Јана Манева Чупоска и Претседателот на Уметнички совет на ДЛУМ Дијана Томиќ Радевска.
По отварањето на изложбата следи пригоден коктел и забава со ДЈ Мелани Дигит.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.