25 септември, на локалитетот ,,Камени Кукли,, во село Куклица, Кратовско, се одржа шестата по ред манифестација ,,Шопска Свадба,, при што во прекрасниот амбиент на локалитетот, стар повеќе од 10 милиони години, во време кога не постоел човекот на нашата планета, беше прикажана сценска адаптација на адетите и обичаите кои се каракеристични за свадбите од Шопскиот дел на нашата земја. Некои од адетите и обичаите се единствени и уникатни, а мисијата на здружението ,,Етно Ризница,, е токму сочувување и промоција на историското културно наследство од североисточниот регион на Македонија. Сценската адаптација на Шопска Свадба беше организирана во сценарио на КУД ,,Дримкол,, од Вевчани, КУД ,,Ефрем Каранов,, од Кратово, и КУД ,,Весели Пензионери,, од Пробиштип. На манифестацијата беше организирана и голема културно уметничка програма во која зедоа учество, Влатко Алексовски, Кратовски Тамбураши, Аце Трифуновски, Нацка Славкова и Ристо Краповски. Многубројните посетители на манифестацијата беа воодушевени и задоволни од несекојдневниот впечаток кој само овој локалитет може да го пружи. Во организацијата беше вклучена и ОУ ,,Музеј на град Кратово,, а Покровител на манифестацијата беше Општина Кратово и Градоначалникот Тодорче Николовски.
Во Куклица се одржа Шопска свадба
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.