По повод 21 септември, Светскиот ден на Мирот, познатиот уметник и кандидат за Нобелова награда Живко Поповски Цветин направи меѓународна изложба со своите познати цртежи Цвеќе на мирот во Милано и Торино.
Изложбите, меѓудругото, беа посебни и по учеството на неговата ќерка Александра Попоска која се претстави со неколку свои цртежи и со специјален музичко уметнички перформанс.
За јавноста нејзиното име сѐ уште е тајна, иако своевремено беше на чекор до сцената. И тоа, со Тоше Проески.
Оваа талентирана девојка се потсетува а дел од своите незаборавни моменти со легендата, а некои споделува и со нас.
-Ах Тоше! Знаете со каква воздишка се навраќам на тие бесценети спомени?! На нашите дружби во неговиот стан, заеднички пеења, на неговите телефонски концерти што ми ги правеше или од Крушево, или дури иод Австралија, каде и да беше. Нашите идеи беа заедничка етно изведба, а тој беше единствен што ме убеди да пеам, бидејќи мене не ме влече претставување во јавност, повеќе сум за пеење за приватни фешти, ни раскажа Александра.
Една анегдота од многуте кои ги имала ѝ е многу драга.
-Тоше ме убедуваше да запееме. Ми велеше- гледајќи те тебе, во тебе се гледам себе. Ама ај подобро да не пееме во дует, ти пееш убаво исто колку јас, ти си убава исто како и јас, ама моја Александра, па ти танцуваш многу поубаво па ќе ме засениш и се предавам, и ќе грмнеше во смеење најслатко на свет, како што само знаеше и умееше нашиот Тоше, ни раскажува неговата другарка.
Александра во негова чест запеа по цели 15 години од вечната разделба.
-Само што се симнав на аеродромот во Малпенса во Милано на сиот глас ја запеав “Ариа”, која Тоше ја пееше заедно со Џана Нанини. Ја пеев од дното на срцето. На изложбите на Цветин ќе настапам со сплет од убави македонски и италијански песни и се разбира неколку хитови од мојот незаборавен другар. Дури сега собрав храброст да прозборам за Тоше и запеам за него, искрено вели оваа скопјанка, додавајќи дека и еден од најдрагите моменти и е кога Тоше по враќањето од Австралија ја поканил кај него премиерно да ѝ ја претстави својата нова гитара и да запеат заедно.
Александра има голем талент за цртање во иднина најавува и свои изложби со досега нацртаните слики.
Валентина Ѓоргиевска Парго
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.