Од 15 септември, Институтот за исламски култури во Париз ќе ја претставува изложбата Урбан текст, овој простор наречен Балкан, која ја прикажува комплексноста на Балканот, мултикултурна територија со променливи дефиниции. Во рамки на изложбата Јане Чаловски ќе се претстави со неговата најнова инсталација „Ефектот на преостанатото“, која е слика на архивата од порашнениот Завод за урбанизам и архитектура од Скопје која повеќе не е присутен во јавниот домен.
Чаловски се претставува со неговата најнова инсталација „Ефектот на преостанатото“, која е слика на веќе непостоечката архива од поранешниот Завод за урбанизам и архитектура во Скопје.
Освен Чаловски, на изложбата ќе учествуваат уште 14 уметници од балканските простори, а ќе ја отвори градоначалничката на Париз, Ана Идалго. Претставувањето на Чаловски е дел од годишната програма на здружението за современа уметност и кураторски практики „Проектниот простор Прес ту егзит“ од Скопје.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.