Четвртото издание на музичкиот фестивал Андерфест Скопје ќе се одржи на 1 октомври во Биртија Паб. Пет македонски бендови на четвртото издание на музичкиот фестивал Андер
Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ ќе се одржи на први октомври 2022 година.
Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која ќе покаже дека е одлична, велат организаторите на Андерфест.
Оваа година фестивалот ќе се одржи во Биртија Паб и на него ќе земат учество пет македонски бендови кои на сцената ќе ги докажат своите музички перформанси и ќе се мотивираат да продолжат да креираат нови музички дела.
На Андерфест ќе настапат: Преку ред, Вселенаутика, Manas, Димиш и Yon Idy
Бидејќи Андерфест фестивалот се одржува четврта година веќе добро се препознава од страна на младите уметници и публиката и ова претставува единствен фестивал кај нас што е целосно посветен на младите актуелни музичари.
Подржувачи на проектот се градот Скопје, Beefeater и Absolute.