Интервју со проф. Ленка Попоска-Гогоска, магистер по педагошки науки, професор во пензија на Педагошкиот факултет “Св Климент Охридски “, по повод излегувањето од печат на трите публикации посветени на образованието, духовноста и православната вера во Македонија.
После 30-тина авторски изданија на педагошка и психолошка литература, која е многу корисна и употреблива за наставници, професори, педагошки кадар во училиштата, градинките и на Факултетите меѓу кои (Педагогија, Дидактика, Прирачник за директорите, Медиумска култура, Учиме и се забавуваме, Македонски јазик во основното образование, Прирачник за класните раководители и многу други). Досега нејзиниот потпис е и 20-тина романи, раскази и збирки поезија меѓу кои Трилогијата на романот „Клуч, романот „Повеќе од мајка“, Збирки поезија,Збирките раскази,преводи од срспки и хрватски, книгите за деца меѓу кои и „Бели насмевки“ која како вели самата и е најомилена. Овој пат поводот за разговор со проф. Гогоска е нејзиниот потпис како автор и редактор на три интересни публикации кои ги бараат вистинските вредности на постоењето, животот, образованието и воопшто развојот во духовноста. По почетните наставни програми посветени на религиите и верската традиција многу далбоко навлезе и во проучување на Духовната литература.
Во оваа област сте веќе, како што кажавте осум години творечка и истражувака работа, и како резултат излегоа трите публикации, кои можат да ги користат и ученици и возрасни. Да почнеме со првото дело!
-„Воспитанието во делата за духовна чистота„ во самиот почеток и воведен дел е објаснето, која е идејата за создавање на книгата, а потоа деловите се посветени на стравовите од :смрт, грев, среќата, богатство и слава! Сите заедно се едно лесно четиво кое ќе го води читателот низ лавиринтите на духовното, како основа на правилен и достоен дел на образованието на самата личност. Оваа публикациј е наменета за широките маси во Македонија, со цел да се подигне духовниот начин на размислување и практикување на верските и религиските канони.
Втората публикација ги разработува „Десетте Боѓји заповеди“ , зошто се определивте токму за нив?
Често и најдуховните меѓу луѓето ја споменуваат фразата „Тоа го пишува или тоа е еден од Божјите заповеди“, но што значат во суштина тие и како се применуваат и колку и кога треба да се почитуваат го има во оваа публикација, која се надевам дека ќе им биде од корист на оние кои го сакаат духовното надградувања, но и на оние кои сакаат првично нешто да научат. Морам да напоменам дека сите три публикации се пишувани на едноставен приемлив јазик.
И сега за третата посветена на Исус Христос со наслов „Гледањето на виситната за Господ Исус Христос“
Оваа публикација содржи куси објаснувања, своевидни гледања за начинот на кој Господ Исус Христос на народот му ги изнесувал начините на спознавање на светот во кој живее, и препознавањето на тоа што треба да го прифати како свое убедување и однесување. Формата на соопштувањето на вистните е куса, јасно кажана и достапна за разбирања, многу едноставно се искажани 186 насоки, кои се почеток за длабокото навлегување на читателот во ова духовно поле.
Да кажеме дека овие духовни книги се нешто различно од досега објавуваните ваши авторски дела, дали нешто веќе ново подготвувате?
-Имам два романи од кои едниот е подготвен за печатење, а на другиот треба уште малку да поработам и се надевам дека во следнава година и тие ќе излезат од печат. Пишувањето не е само моја професија, љубов, желба, бегство од реалноста, пишувањето е мојот живот, кој ми помага да се соочам со сите предизвици,с о сите тешкотии, да прифатам многу нешта да живеам и да создавам.