Фестивалот беше јубилеен 10 по ред, се изведоа 18 композиции кои ги компонираа повеќе од 20 автори од нашата земја, од Бугарија и Словенија. Генерален покровител беше Општина Куманово, а медиумски покровител Македонската радио телевизија, и фестивалот ќе се најде на програмата на телевизијата во петок на 09 септември од 17.45.
И овој фестивал беше од меѓународен карактер, покрај наши познати имиња, учествуваа и две гостинки од Бугарија С`ни и популарната Румјана Попова. Целокупно фестивалот помина во најдобар ред, публиката беше задоволна од квалитетот на понудените песни, се пееше за Кумановското поле, за Тумба, Јовка, Ленче, Досе, Аџи Трајко, но и за Зоне, Калча, за обичниот човек за неговото секојдневие и можеме да се пофалиме дека оставаме како траен белег нови, квалитетни 18 композиции кои ќе си го најдат местото на нашата естрада. Квалитетот на песните, приемот на публиката на истите, заинтересираноста која ја привлече фестивалот ни дава поттик да продолжиме и понатаму, и уште сега закажуваме нов Тумба Фест наредната 2023 год.
Се поголем број на автори и исполнители се заинтересирани за учество на Тумба Фест, кој е единствен фестивал во светот кој ги негува дијалектите како историско културно наследство. Оваа година покрај на кумановскиот, се пееше и на охридски и на гевгелиски дијалект
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.