АК “7 Ноември” со нови успеси

 АК „7 Ноември“ ги нижи наградите на атлетските трки во соседна Грција. На третата по ред „Ноќна трка на патот Гуменица“ од шесте учесници на АК „7 Ноември“- Гевгелија кои се
натпреваруваа на трките на 5 и 10 километри, Тоше Анчев на  трката на 5 километри го освои првото место, додека на трката на 10 километри Ристо Чалков го освои второто место. Солидни
резултати остварија и Дарко Прошевски, Ангел Делиќ, Живко Петков, како и Драган Ристов, позиционирајќи се на високите места во конкуренција на 200 тркачи, претежно од Македонија и
Грција.
 И оваа недела што помина, АК „7 Ноември“ не запре со учествата на трките во татковината. Имено, на трката „Трчај бе“ во  Битола – Национално првенство во полумаратон, учество зедоа: Стојан Делев, Никола Нанчев, Живко Петков, Мијалчо Андоновски, Гордана Анастасова, Благојче Темелковски и Кристијан  Прошевски. На трката на 5 километри, првото место го освои  Атанас Епов, додека на трката на 10 километри, тимот од  Гевгелија во состав на Ристо Чалков, Мики Петровски, Никола  Ковачев, Дарко Прошевски и Игор Коцевски го освоија второто  место.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.