Силна балканска делегација на Тера Мадре 20222

 

Четиринаесеттото издание на Тера Мадре Салоне дел Густо ќе се одржи во Торино од 22 до 26 септември 2022 година. Тера Мадре, најголемиот собир на Слоу Фуд мрежата, цели кон тоа да дизајнира поинаква иднина за храната, иднина која зазема облик преку секојдневните избори на поединците, во колективните напори на заедниците и во политиките на јавните како и на приватните институции. Над 3.000 делегати од 130 земји и повеќе од 700 изложувачи ќе учествуваат на настанот.

Балканската делегација на Слоу Фуд брои околу 130 лица. Тие во Торино ќе го донесат своето познавање за образовните активности на RegenerActions, како и нивните готвачки вештини, за работилниците за вкусување. Од регионот, Црна Гора ќе има најмногу претставници, односно 30 делегати кои годинава ќе дојдат во Торино, а по неа Албанија со 21, Бугарија со 18 и Северна Македонија со 15 лица. Ќе има и 12 делегати од Турција, 8 од Босна и Херцеговина, 7 од Романија, 6 од Хрватска, 6 од Грција, 2 од Косово и 3 од Србија.

Пазарот на Тера Мадре ќе биде домаќин на неколку штандови со произведувачи од регионот. Слоу Фуд Северна Македонија ќе присуствува со своја кујна и ќе одржува дегустации и презентации благодарение на придонесот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија. Албанската мрежа на Слоу Фуд ќе претстави фотоволтаична мелница во соработка со невладините организации VIS и CESVI, како и со поддршка на албанското Министерство за земјоделство и рурален развој. Локалната акциска група Dealurile Tarnavelor LAG заснована во Сашиз, Романија, исто така ќе присуствува и ќе промовира производители и занаетчии од територијата на ЛАГ Тарнавелорски брда.

Група грчки производители ќе ги донесат своите производи на Тера Мадре, пловејќи од грчките острови до Лигурија. Тие ќе бидат достапни на посветениот штанд. Други изложувачи од Албанија и од Слоу Фуд мрежата во Бугарија и Црна Гора исто така ќе бидат присутни на саемот и ќе ги претставуваат сопствените традиции за храна.

Во четврток на 22 септември во 15:30 Алтин Пренга, готвач од Алијансата на готвачи во Албанија, ќе претстави јадење кое е симбол на неговата земја, односно пета, крцкаво задримско бело пченкарно тенко лепче, полнето со производи на Albanian Ark of Taste, во рамките на дегустацијата на RegenerActions Пета, пјадина и кресентина, уличната храна меѓу Албанија и Емилија-Ромања.

Истиот ден во 17 часот, главни ликови на дегустацијата на RegenerAction ќе бидат турската и бугарската верзија на бурек, полнета со јајца и сирење Кори, сирење, и уште повеќе … Сите форми и облици на бурекот. Во 19 часот, Александрос Александру, студент од UNISG, ќе претстави типичен грчки аперитив со фета, капари, вино, житарки, оригано и мед во рамките на Аперитив: Италија ја среќава Грција.

Во петок, на 23 септември во 15:30, Карло Неслер, мајстор за процесите на ферментација, ќе ги предводи учесниците низ патешествие од Балканот (со бугарската тарана од ферментирна мешавина на јогурт и житарки) до Шпанија во рамките на RegenerAction активноста Не го фрлај. Ферментирај го! Во 16:30 Игор Стојановиќ, водач на ромската и Синти Слоу Фуд заедница за иднината, ќе учествува во настанот Ромите и општественото вклучување преку милениумската историја на патувачката гастрономија.

Истиот ден во 20:30 албанскиот готвач Алтин Пренга ќе готви вечера во четири раце заедно со италијанскиот готвач Даниеле Маурици Цитерони за време на Состанокот за вечера Јадранска алијанса: Континентална гастрономија од Албанија до Марке.

Во сабота на 24 септември, во 15 часот турскиот производител Ален Мевлат ќе учествува во форумот Маслинката: Билка на цивилизацијата кој ќе ја претстави Слоу Олив мрежата и нејзините Президии во Италија, Шпанија и Турција. Во 16 часот турските зреени сирења во овча кожа ќе бидат центар на презентацијата Пештерата во средината на светот.

Во недела на 25 септември, во 17:30 часот ќе има уште еден момент посветен на грчката кујна. Готвачот Никос Фотијадис ќе припреми јадење од Епир во кујната на Тера Мадре.

Во понеделник на 26 септември во 10 часот во Музејот на Лаваца ќе можете да ја истражите приказната на кафето преку различните методи за негово подготвување и дегустација според традициите на различни земји, од турското кафе до бразилското „чорап“ кафе и Туба кафето од Сенегал, во рамките на Работилницата за вкус Кафе на секој јазик

Надвор од официјалната програма, многу од делегати од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Романија, Србија и Турција ќе бидат присутни на Тера Мадре Салоне дел Густо. Ќе можете да запознаете многу различни готвачи, производители на Президија како што се производителите на Мишавине од Албанија кои беа наградени на Сирење 2021 и производителите на Ark of Taste, активисти за храна, новинари, едукатори и академици од регионот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.