Од светот на модата-„Викторија сикрет“ направи прва промена во изгледот на манекенките

Познатиот амрикански бренд за долна облека „Викторија сикрет“, за првпат ангажираше “ново лице “ која за разлика од досегашните е со облини. Лорена Дуран (25) од Шпанија е првата жена која ќе ги носи моделите на компанијата, а да не е со конфекциски број „С“.

“Среќна сум и горда поради овој ангажман. Време е за разновидност. Му благодарам на тимот на Викторија Сикрет кој ги оствари моите соништа”, изјавила Лорена и напишала на својот Инстаграм профил.

25-годишната преубава манекенка, ја започнала својата кариера кога имала 17 години и досега соработувала со брендови како Asos, Zalanda, El Corte Inglesa, Intimissimi, а во последно време ја носела и колекцијата на Софија Вергара.

Промената во работата на компанијата доаѓа откако во последните две години ги затворија повеќе од 80 продавници во светот и ја загубија довербата на купувачите.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.