Вчера, 25 август 2022 година, во вечнитен легенди влезе големата легенда на музичкото небо Невенка Кочовска, вокалистка на легендарната група „Мањифико“, една од најславните групи во 1960-70-те во поранешна во поранешна Југославија, основана од нејзиниот сопруг у музички придружник Оанделиј Панче Кочовски.
Невенка имаше 81 година, а со години боледуваше од Алцхајмерова болест.
Таа е мајка на популарните пејачки Тања и Лидија Кочовски.Последен пат славното музичко семејство настапија заедно на “Златна Буба Мара ” во февруари 2017, кога со изведба на мексиканската песна „Мама Хуанита“, и добија награда за животно дело за ансамблот „Мањифико“.Ансамблот бил формиран во 1959 година и постоел до 1990 година. Го формирале Пантелеј Кочовски-Панче и Крсто Таушанов, ученици во Средното музичко училиште во Скопје, додека биле на младинска работна акција во Демир Капија, најужната делница од автопатот Братство- единство за да настапат на приредба. Од бригадирите им се приружил Сергеј Поповски, гитарист, исто така, ученик во Музичкото училиште. Набргу, на местото на Сергеј доаѓа Димитар Томов-Митко, одличен гитарист и вокал, а следната 960 година, во Музичкото училиште ја откриваат Невенка Арсова и нејзиниот раскошен алт. Таа година квартетот го добива името „Мањифико“.
На четворката, по 10 години ѝ се приклучува и извонредниот гитарист и пејач Петар Галев. Во „Мањифико“ во одредени периоди значајно учество имале и Јане Коџабашија, Миле Лукаров и Миле Барбаровски. Во текот на 31- годишното постоење „Мањифико“ настапила во 37 земји на сите континенти, имала 3.700 концерти и 600 добротворни настапи, кои ги посетиле преку 7 милиони гледачи. И дискoграфската продукција на „Мањифико е импозантна“: 28 мали грамофонски плочи, 5 албуми, 4 аудио касети, 1 видеокасета, 3 аудио компакт дискови и 1 DVD, речиси сите продадени во златен или сребрен тираж, објави порталот Сдк.мк.
Радиостаниците за „Мањифико“ емитувале 192 емисии, а на 16 ТВ станици се снимени 140 полчасовни и едночасовни шоу програми. Нивниот концертен репертоар е составен од 320 песни, најмногу од латиноамериканско и шпанско поднебје, но и од светски евергрини, како и македонски староградски бисери.
„Мањифико„ настапувале пред претседателот на Југославија Јосип Броз Тито, а неколкупати и пред дипломатскиот кор на тогашната федерација. Мексиканскиот претседател Лопез Матеос, воодушевен од изведбите на „Мањифико“ ѝ подарил комплет мексикански оригинални народни носии. Настапуваа низ целиот свет. Во Македонија се гордост на музичката сцена.