Книгата содржи над 50 лирски единици и е билингвална, а ја објави реномираната руска издавачка куќа „У Никитских ворот” (Москва) на инициjатива од Олга Панкина коjа jа состави, преведе и подготви за печатење.
Олга Панкина подолго време работеше заедно со Гане Тодоровски во македонската амбасада во Москва,која со оваа книга му оддава почит на Гане како дипломат, преведувач, професор, есеист, книжевен критичар, историчар, публицист и пред се како ПОЕТ. Оваа поетска збирка ќе ја збогати претставата на рускиот читател како за неговото исклучително творештво, така истовремено и за вредностите на македонската литература во целина“, се мотивите на Олга Панкина за излегувањето на ова издание.
Поетската збирка ќе биде промовирана во Москва на 14 маj во рамките на проектот „Читај ја Македонија”.