“Човечулец” и на бугарски јазик

Скопје 26 август: Познатото софиско книгоиздателство „Персеј“ го објави
бугарскиот превод на збирката раскази „Човечулец“ од Александар Прокопиев.
Преводот од македонски е на Деница Проданова. Со тоа се заокружуваат
преводите на „Човечулец“ на балканските јазици – турскиот, српскиот, хрватскиот, бугарскиот, албанскиот – а книгата, добитник на угледната награда „Балканика“ за 2011., досега е објавена и во Британија, Италија, Полска,
Египет…
Издавачот на читателите вака им го препорачува „Човечулец“:
„Оригинален, со чувство за хумор и ерудиција, автор за сите поколенија,
Александар Прокопиев напишал волшебна и остроумна книга, што ќе ни даде уникатно читателско уживање.
Тој раскажува за вината и прошката, за товарот на победите и поразите.
Неговите сижеа преплетуваат современи стории со приказни, легендарни и
митолошки мотиви. Така писателот прави свои интерпретации на „Дивите
лебеди“ и „Снежана“ или ни го покажува светот низ очите на грдото вонбрачно
дете, на човекот со едно крило кој се пресвртува во цар на птиците, на
туѓинецот што припитомил змиулче, на алхемичарот кој се обидува да создаде
човече под стаклено ѕвон
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.