“Неврзани движења” во Струга

Како дел од програмата„Неврзани движења“ од 25. август до 3. септември, преку 40 уметници, предавачи, теоретичари во уметноста и културата, куратори, студенти, заедно со  LOKOMOTIVA-Centre for New Initiatives in Arts and Culture како домаќини на настанот,  ќе престојуваат во Струга, вкрстувајќи неколку активности:

Од 25ти до 30ти август се одржува „Самит“ – годишна средбана мрежата Номад Танц Академија,  оваа година под мотото Минато/ Сегашност/ Иднина. На состанокот, кој е од затворен тип, членовите на мрежата ќе дискутираат за работните услови и работните етики во полето на танцот во регионот, по што ќе следи работење на принципите на Номад Танц Академија и политиките на меѓусебна соработка во мрежата. Мрежата ќе ги дискутира начините на соработка во регионот, вмрежувањето помеѓу фестивалите за современ танц и перформанс, развојот на резиденцијалните програми во тоа поле, како и регионалната архива за современ  танц и перформанс на просторот на бивша Југославија.

Меѓународнаталетнашкола “Курирањевоконтекст“ е централен дел на програмата „Неврзани движења“. Започнува од 29ти август, а ќе трае до 3ти септевмри.

Оваа школа, Локомотива ја организира по трет пат, а првите циклуси, во 2020 и 2021, се одвиваа дигитално.„Курирање во контекст“ овојпат се одвива во живо, на местото каде што иницијално беше замислена да се случува, во Струга. За прв пат, истата станува интегрален дел од Отворениоткурс „Кураторски пракси во контекст“ на Стокхолмската академија на уметности (СКХ).Програмата нуди критичка перспектива преку која се про(раз)мислуваат кураторските практики во современите (изведбени) уметности во различни културни, социо-политички и економски контексти, а кои се активистички, самоорганизирани и плурални.На „школата“ ќе се дискутира, рефлектира, теоретизира и практично ќе се прегледуваат различните кураторски практики засновани на (меѓународна) соработка, кои се надвор од дисциплинското разбирање на уметничката продукција, и кои нудат нови модели на дисеминација вон воспоставената пракса на презентацијата во црната или белата кутија и политиките на репрезенација.

„Курсот ќе ниовозможи да ги преиспитаме и да разбереме оние кураторски стратегии и практики кои се општествено свесни, активистички, ја поврзуваат уметноста со социо – политичките и економските домени и проблеми, создаваат подобри работни услови за продукција и дистрибуција на уметноста и критички гипозиционираат овие процеси и уметноста во јавноста“ – изјавува Билјана Тануровска – Ќулавковски (Локомотива) која заедно со Тове Салмгрен професорка од СКХ, се потпишуваат како ко-директорки на курсот.

Професори/предавачи на курсот: Сергеј Присташ, Тове Салмгрен, Биљана Тануровска- Ќулавковски, Силке Баке, Уна Бауер, Рок Вевар, Маријана Цветковиќ, Данае Теодориду, Јасмина Заложник, Бојана Кунст, Славчо Димитров, Ана Ефраимсон и други.

16 студенти од Европа се селектирани на курсот „Курирање во контекст“. Од нив 3 учесници од регионот се стипендирани од Локомотива, преку проектот „Неврзани движења. Курсот ќе го посетат и учесниците на школата “Критички пракси made in YU” (“Critical practices made in YU).

Исто така, во рамки на програмата „Неврзани движења“ со уметничка резиденција насловена „Критичко движење /Critical movement” кој цели кон поддршка на соработка во полето на танцот и кореографијата, ќе учестувуваат две уметници. Елена Роуз Лајт (САД), и Фрида Лау (Франција) се кореограф(к)и изведувач(к)и кои беа учесници на Летната школа „Курирање во контекст“ 2021, а оваа година се придружуваат на школата како резиденти истражувачи. Тие ќе ги презентираат и споделат своите практики, ќе ги запознаат учесниците на школата и претставниците на Номад Танц Академијата.

Во рамки на настанот предвидени се јавно предавање, средби со уметничката и независната локална сцена и други искуствени средби за интеракција со локалниот контекст и заедница.

Проектот „(Не)врзанидвижења“ серазвивавопартнерствопомеѓуСтаница, сервис за современ танц, Љубљана; Номад Танц Академија – Бугарија, Софија; Танфабрик, Берлин, и ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Скопје.

Проектот е поддржан од програмата на Креативна Европа/Европска соработка Западен Балкан, Министерство за култура на Северна Македонија, Гете институт-Скопје и, Стокхолмскиот универзитет за уметности (SKH).

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.