Со авторската вечер посветена на композиторот и хармоникаш д-р Гоце Џуклески вечерва во Трпејца ќе биде заокружено единаесеттото издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“.
Гости на Џуклески ќе бидат неговите пријатели и соработници – естрадниот уметник Мирко Вретоски и Градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“.
Инаку, во вторникот и вчера, најмладите преку цртежи уште еднаш го овековечија зајдисонцето во Трпејца Публиката виде и дел од сликите изработени на минатогодишната, четврта Уметничка колонија која секој септември се одржува во Трпејца,а настапи и танчaрската група „Dancin Angels“ Вечерта заврши со гостувањето на д-р Анис Сефиданис кој на гледачите на популарен и интерактивен начин ги воведе во светот на компјутерите и роботиката.
Синоќа во Трпејца гостуваа оркестарот и пејачката група на Фолклорниот ансамбл „Ѓердан од бисери“ од Охрид.
Претходно беа доделени и наградите за најдобри фотографии на тема Трпејца. Рамноправно првата награда ја делат Кристина Ламбеска, Наташа Аврамовиќ и Наташа Поповиќ – Таневска од Скопје.
Наградени беа уште три фотографии дело на Сања Никева од Охрид, Наташа Здравеска од Прилеп и Ана Ваневска од Скопје.
Специјално беше награден и Христијан Јанкуловски од Охрид кој континуирано ја поддржува манифестацијата со хронолошко регистрирање на дел од настаните.