На 30. јули со почеток во 21 часот концерт ќе одржи Ори Даган, џез вокалист од Торонто, Канада, лауреат на неколку Северноамерикански натпревари меѓу кои и GREAT AMERICAN SONG Contest, кој ќе настапи заедно со врвни македонски џез инструменталисти: Трајче Велков – труба, Иван Иванов – тенор саксофон, Кирил Кузманов – алт саксофон, Сашко Николовски – тромбон, Гордан Спасовски – пијано, Зоран Костадиновски – гитара, Кирил Туфекчиевски – контрабас и
Виктор Филиповски – тапани.
Овој проект со кој ќе се затвори овогодинешното издание на фестивалот Скопско Лето е истовремено и европска премиера односно промоцијата на новиот авторски албум “Click Right Here” на вокалистот Ори Даган. Проектот истовремено предвиден и како можност за несекојдневна соработка помеѓу џез уметници од сосема различни средини во контекст на естетика и сензибилитет, е во организација на Канадскиот Музички Центар во Скопје при ПОЛИФОНИЈА и Davorius Productions на Давор Јордановски.
Со џезерот Ори Даган ќе се затвори Скопско лето 2022
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.