Клелија Живковиќ со награда на АИКА Македонија

Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2022 година од областа на ликовната критика на Клелија Живковиќ.
Комисијата во состав Зоран Петровски, Иванка Апостолова и Ѓорѓе Јовановиќ одлучи наградата „Ладислав Баришиќ“ да се додели на проектот „Дизајн за оживување“ на Клелија Живковиќ заради внесување тематска новина во досегашната критичко-теориска практика со фокусот на дизајнот и неговата трансдициплинарна релевантност во социјалната, економската и креативната сфера на современите општества. Акцентирајќи го прашањето „како ја замислуваме иднината?“ во контекст на дизајнот, истражувањето на Живковиќ со тоа ја акцентира и проективната суштина на оваа теориска и практична дисциплина, разгледувајќи ги притоа потенцијалите на дизајнот, особено во релација со акутните прашања на загрозеноста и заштитата на околината и иднината на еко-сферата.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.