02. O7.2022, Скопје
Триесет претпријатија од различни дејности го активираат Сертификатот за деловна успешност со што се потврдува дека имаат достигнато висока бонитетна оцена А и Б за 2021
година. Подигнувањето на официјалниот документ беше организирано на настан во Сојузот на стопански комори на Македонија, а сертификатите ги врачија претседателот на Сојузот, Трајан
Ангелоски и косопственик на „Таргет
Груп“ Огнен Огненовски.
Бонитетната агенција „Таргет груп“ ги
направи потребните анализи за проверка на ликвидност и солвентност на компаниите, нивните извори на средства, начинот на управување како и поединечните карактеристики на
компаниите и нивното опстојување на
пазарот. Сојузот е вклучен во афирмација, надзор и контрола на
процесот.
„Радува фактот што преку промоцијата
која ја прави Сојузот, претпријатијата
реагираат проактивно и ја прифаќаат
важноста на поседување на овој
сертификат кој е потврда за квалитетот
на нивното работење, но и зелена карта
за пристап до нови деловни можности
особено на меѓународните пазари, што е клучно за нивниот раст и развој. Поседувањето на овој сертификат обезбедува безбедност на процеси, успеваат да го задржат или подобрат своето работење и успеваат најголем дел од закани во нивното работењето да ги претворат во можности со цел постигнување на најдобри можни резултати“, истакна Огненовски.
Класификацијата на бонитетната оцена
подразбира претходна длабинска и
сеопфатна финансиска анализа на
трговските друштва за нивното работење во изминатата година како и споредба на нивното работење со индустријата односно стопанството. Компаниите носители на Сертификатот за деловна успешност работат многу успешно, а веројатноста за влез во еден од негативните настани во следните 12
месеци е исклучително мала.
Носителите на Сертификатот за деловна успешност имаат веројатност помала од 1% да отпочнат стечај, претстечајна постапка или ликвидација и носителите на сертификатот имаат помала веројатност од 0,81% да бидат избришани од трговскиот регистар. Меѓу компаниите кои го подигнаа
сертификатот од секторот Маркетинг и
истражување на пазар се „БТС Арт
Фактори“, „Маратон Гроуп“ и
„Скрин-Медиа“. Најголем број на
компаниите се од секторот Трговија, и
тоа „Пеко“, „Екотип“, „Фрукта-Фрута“, „Тојота Авто Центар“ и „Техно-ауто“. Во секторите Архитектонски дејности и Градежништво, потврда за бонитет имаат „Гоинвест“, “Итек системс“, „Контрол Церт“ и „Евро Консалтинг“. Од другите сектори сертификатот го активираат „Палма траде“, „Вивитех“, „Б-Тецхнолоџи“,” Кара 5 Ентертејмент“, „Ки-пар“, „Агро-калем“, „Семос компјутерски
образовен центар“, „Старкон шипинг“.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.