Летниот регионален универзитет во
Струга
Годинава, Францускиот институт
во Скопје го организираше 23-то издание на Летниот регионален универзитет во Струга, педагошка обука, која повеќе од две децении обединува на едно место
професори по француски јазик од повеќе земји во регионот.
Овогодишната средба и значајна
обука се одржуваше од понеделник 27 јуни до утре, петок 1 јули 2022 година, а во рамките на својата програма понуди педагошки работилници наменети за професорите од земјава, но и од поширокиот регион (Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Бугарија, Романија, Молдавија и Ерменија).
Главни цели на обуката: истакнување на видливоста на францускиот јазик, зајакнување на неговото место во образовните системи на земјите на учесниците, создавање на вистинска кохезија меѓу учесниците, како и остварување богати меѓусебни размени на професионални искуства меѓу професорите по француски и професорите кои предаваат нејазични дисциплини на француски јазик од Југоисточна Европа.
Овогодишното издание на Летниот регионален универзитет во Струга го проследија повеќе од стотина учесници,со обучувачи експерти од Франција.
Настанот официјално го отворија Анета Трповска , Државен Секретар во Министерството за образование и наука на Северна Македонија, и Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, во хотелот „Дрим“ во Струга, во присуство на учесниците, како и бројни соработници и партнери, како Меѓународната организација на
Франкофонијата, Регионалниот
франкофонски центар КРЕФЕКО,
Меѓународната Федерација на професори по француски јазик, Фондацијата Бел Идеал од Париз, издавачката куќа КЛЕ Интернасионал и др. Работен јазик на универзитетот е францускиот.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.