Куларт кујна – Посни сарми од лозов лист

3027

За Велики четврток Ви предлагаме

Посни сарми од лозов лист 

Потребни состојки:

-30-тина листови од лоза

-1/2 кг ориз

-Оригано, сол, кромид, магдонос

Едноставно а вкусно се подготвуваат сармите од лозов лист, единствено што ви треба повеќе време.

Подготовка:

Во млака вода омекнете ги листовите

Испржете го кромидот ситно исецкан, додајте зачини и испржете го и оризот внатре.

Откако ќе поцрвенее ставете сол по желба.

Извиткајте ги лозовите листови и наредете ги тесно еден до друг. Варете ги на тивко 30-тина минути. Сервирајте ги по желба со лимон, кисело млеко или некоја свежа салата.

Пријатен ручек !

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.