Студентите од студиската програма по соло пеење на ФМУ учествуваат на традиционалниот гала оперски концерт „МЛАДИ ОПЕРСКИ НАДЕЖИ – КОСТА ТРПКОВ“ со оркестарот на НУ Национална опера и балет под диригентско водство на Андреј Наунов. Настапуваат студентите од класите по соло пеење на проф. м-р Марија Муратовска-Наумовска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова и вонр. проф. м-р Ана Дурловски, како и од класата по вокално студио на доц. м-р Бисера Чадловска. На програмата се оперски арии и ансамбли. Концертот ќе се одржи на 17 јуни (петок) во Салонот на НУ Национална опера и балет со почеток во 20 часот. Влезот е слободен.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.