Дарја Ризова со награда за најдобра актерка

На деветтиот  Фестивал на актерот во Коњиц на кој учествуваа девет професионални театри од регионот: Србија, Хрватска, РС Македонија и БиХ, нашата актерка Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот” по текст на Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ. Како што истакна и директорот на фестивалот, Бенјамин Мушиновиќ, радува фактот што оваа награда како жири-комисија ја доделува самата публика. За разлика од другите театарски фестивали, жирито на овој фестивал го сочинува само публиката која го избира најдобриот актер и актерка. За театарските работници тоа е најчесното. Фестивалската програма завршува со прогласување на најдобра актерка и најдобар актер на 15 јуни 2022 година.

Повеќе за претставата: https://mnt.mk/component/k2/nema-da-bide-kraj-na-svetot?Itemid=614

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.