Доделени пофалници за најдобрите ученици

 Со одржувањето на традиционалната манифестација „Од најдобрите за најдобрите“, СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија го одбележа крајот на учебната 2021/2022 година. Со доделување пофалници на ученици за постигнат успех и низа активности на учениците, подготвени од страна на нивните наставници- ментори, замина уште една „Од најдобрите за најдобрите“ на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија.
На почетокот, пред доделувањето на пофалниците, кон присутните се обрати директорот на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, Марија Танева:
– Ние, наставниците, веруваме во нивните можности и потенцијалот којшто го поседуваат и затоа секогаш ги учиме и мотивираме и охрабруваме да учествуваат на такви манифестации. Како што рекол Аристотел „Корените на образованието можеби се горчливи, но плодовите се слатки.
Затоа, денес се гордееме со одличните резултати, освоените места и награди на нашите ученици. Во музичко – сценскиот дел од програмата, под менторство на Илија Атанасов, учениците Благоја Панов и Дијана Јакимова настапија со изведбата на „A whole new word“. Членови на драмската и литературно-рецитаторската секција, членовите на Драмската група „Дон Кихот“ ја изведоа Пародија на оперетката „Срешта“ од Војдан Чернодрински, режија на Даниела Џишева и кратки сцени од „Скржавец“ на Молиер, во режија на Жаклина Атанасова. Благоја Панов, под менторство на Андријана Џинова,
рецитираше стихови од поемата на Вилијам Шекспир.
***
 Со свечена академија, ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија го чествуваше Патрониот празник во Народниот театар- Гевгелија.
Под мотото „Растеме, траеме, опстојуваме“, во програмата
учествуваа учениците од I до IX oдделение, кои со своите наставници- ментори подготвија интересни содржини од областа на театарот, танцот и музиката, а ги прикажаа пред многубројната публика. Пред почетокот на програмата, кон присутните се обрати директорот на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, Ѓорге Стамков, кој истакна:
– ООУ „Крсте Мисирков “одбележа 64 години традиција, квалитет, знаење, мисија. 64 години „Крсте Мисирков“ – училиште на многу генерации. Генерации кои го прославија големиот празник, празник на љубовта, радоста, младоста, празник на спомените… Генерации на ученици и генерации на наставници.
Наставници, коишто со љубов го всадуваат плодот на знаењето  кај секој ученик.
Исто така, на наставникот Оливер Ташев, кој прерано го напушти земниот живот, неговите колеги и присутните во Салата на Народниот театар му оддадоа почит со едноминутно молчење.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.