Гевгелија: Туристичко- гастрономска изложба, награди, обнова…

 Гевгелија, 13 јуни 2022
На отворената тераса во хотел „Аполонија“, се одржа 13 по ред „Традиционална туристичко гастрономска изложба на алтернативни форми за развој на туризмот“ во организација на Факултетот за туризам и бизнис-логистика во Гевгелија при
Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип. На покана од Факултетот, на настанот присуствуваше градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Како и луѓето кои имаат дадено свој придонес во идејата за реализација и опстојувањето на овој традиционален
настан: проректорот, проф. д-р Мишко Џидров, деканот на Факултетот за туризам и бизнис-логистика, проф. д-р Татјана Бошков, продеканот, доцент д-р Наташа Митева, раководителот на Наставниот центар, проф. д-р Марија Магдинчева Шопова, поранешни декани, претавници на хотел „Аполонија“, студенти од факултетот, како и други присутни.
 Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, почестен од поканата, во своето обраќање истакна:
 – Овој настан, преку традиционалната музика и вкусна храна, ги доближува сегашните генерации до нашите предци, потсетувајќи ги нашето минато. Историјата со векови наназад ја
пишува културата на македонскиот народ. Само со организација на настани од ваков карактер, ќе продолжиме да ја чуваме културата и традицијата, пренесувајќи им ја и на поколенијата по нас.
Од страна на ФТБЛ во Гевгелија на одредени институции, поединци и студенти им беа доделени благодарници за успешната реализација на изложбата, како за годинава, така и за сите години наназад од нејзиното одржување. Во програмата за Гастрономската изложба учествуваа и Ансамблот „Бојмија“ кои претставија со ора од нивните кореографски поставки.
 „Гастрономска изложба“ на ФТБЛ во Гевгелија е настан, на кој се презентира традиционална храна подготвена на модерен начин, бизнис-идеја за развој на културниот туризам или друг вид туризам, фотографии на стари традиционални јадења и стари предмети, артефакти и традиционални носии од регионот и државата. Во кои активности учествуваат студентите на организирани работилници, пред одржувањето на изложбата, со цел поттикнување на развојот на специфичните форми за развој на туризмот во општина Гевгелија, со посебен осврт на културниот туризам и традицијата.
***
 Општина Гевгелија од 27-те Синдикални спортски игри и средби на УПОЗ се врати со освоени три први места. Женската екипа во состав: Јасминка Ичева, Васка Пајдакова, Драгица Јованова и Весна Хаџикојчева во шаховските турнири ги победија нивните колешки- противнички од Град Скопје и Основен суд Куманово. Машката екипа во состав на: Ѓорге Гребенаков, Тони Николов, Митко Дојчинов и Васил Шпиров во шаховските турнири ги победија екипите на Службен весник, Општина Карпош и ЈП „Стрежево“, освојувајќи го првото место. Во спортската дисциплина – пливање, Васка Пајдакова и Петранка Чавдаров ја пласираа Општина Гевгелија на првото место.
Покрај учеството на турнирите во шах и натпреварите во пливање, екипите на Општина Гевгелија се натпреваруваа и во пикадо, влечење јаже, пинг-понг и стрелаштво. 27-те Синдикални игри на УПОЗ се одржаа од 9 до 12 јуни,
во хотелскиот комплекс „Метропол“ во Охрид, на кои учество земаа повеќе од 400 членови од синдикалните организации на Општините, ресорните Министерства, Основните судови, Агенции и Дирекции, Јавни претпријатија и Управи.
***
 Деновиве, Oпштина Гевгелија организираше акција за рехабилитација на спортско- рекреативниот центар „Динќут“.
Обновени се оштетените спортски реквизити и урбана опрема на спортско-рекреативниот центар „Динќут“ во Гевгелија. Акцијата уследи по извршената контрола и утврдената фактичка состојба при што беа констатирани повеќе оштетувања, а, беа иницирани активности за рехабилитација на излетиштето, во кои беа вклучени надлежните општински служби во соработка со ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија. Со акцијата, беа санираа оштетувањата на спортските реквизити и урбаната опрема на излетничкото место „Динќут“, чие уредување во спортско-рекреативен центар беше во рамките на проектот „Афирмација на природните и културните вредности на пограничниот регион“, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. За овој проект, на Општина Гевгелија и беа одобрени 169.692 евра, а локалната самоуправа го реализираше во партерство со Агенцијата за локален развој во Банско, Бугарија.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.